Friday, July 26, 2013
Tuesday, July 23, 2013
Визија - Рок бенд, Скопје
Бендот Визија опстојува на македонската рок сцена од ноември 2011 година. Членови на бендот се: Марко
Џамбазоски (Соло гитара/ придружни вокали), Марко Гапо (Вокал / Ритам
гитара), Лилјана Јанкова (Бас гитара/ Придружни вокали), Синиша Ѓорѓевиќ
(тапани).Инспирацијата
се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни
стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил. Во
своето едно-ипол годишно постоење бендот бележи настапи на повеќе
фестивали, концерти и манифестации, меѓу кои може да се издвојат
настапот на Т’к
– так фестивалот во Кавадарци, каде што бендот беше награден,
престижниот скопски фестивал – Таксират, Складиште Фест во Србија како и
уште еден настап на Т'к-так Фест оваа година, но овој пат како главни
гости во ревијалниот дел заедно со Ареа. Визија, покрај активните
подготовките за настапите кои следуваат на повеќе фестивали низ
Македонија и на Балканот, подготвува и нов материјал кој ќе биде дел од
планираниот албум.
Од приближно
200 пријавени бендови од целиот Балкан, стручното жири составено од
Бранимир Локнер, Драгиша Радуловиќ и Џорџе Давид ги избраа 12-те
најквалитетни бендови кои ќе настапат на 47-мата Гитаријада во Заечар,
која ќе се одржи во периодот од 1 - 3 август 2013. Меѓу нив, единствен
бенд од Македонија е бендот Визија, кој ќе се бори за големото признание на овој најпознат рок фестивал на Балканот.
Инфо за бендот: http://www.facebook.com/VizijaMK
Youtube playlist: http://www.youtube.com/playlist?list=PLib5n2_Pieu67RO--xjhPit-3z9VvQx_B
Линк за download на mp3: http://we.tl/GjlNU32IhN
Линк за download на mp3: http://we.tl/GjlNU32IhN
Monday, July 22, 2013
К.У.Р. + Т.О. @ Битфест, Битола
Labels:
*Македонија,
Punk,
Rock,
К.У.Р.,
Концерти,
Тотално Опуштање
Thursday, July 18, 2013
Friday, July 5, 2013
Punk Recharge 3 @ Битола; 13.06.2013
Локација: Хотел Битола; Старт: 20ч.; Влез: 100 ден.
New Police State
Disclass
Кактус
Disease
The Author
PEZ
Subscribe to:
Posts (Atom)