Thursday, March 24, 2011

Sunday, March 20, 2011

2 Минута Мржње @ Хавана, Скопје 10.04.2010


Аудио снимка од настапот во клуб Хавана во Скопје на 10.04.2010 заедно со Растур Систем и Лоши Деца...

Track list:

1. Интро
2. Маске
3. Патриота
4. Модерна Омладина
5. Ланци
6. Skins 'n' Punks
7. Друже Мој
8. Варвари
9. Деца Улице
10. Дошао је Крај
11. Лиман
12. Зашто?
13. Судије
14. Stand Up
15. Црни Мерцедес

Friday, March 18, 2011

Indecent Exposure - Rehersal 2008







Лоши Деца @ Хавана, Скопје 10.04.2010


Аудио снимка од настапот во клуб Хавана на 10.04.2010, заедно со Растур Систем и 2 Минута Мржње од Нови Сад, Србија.

Track list:

1. Background music: The Cliches (Monkey see, monkey do) & Evil Conduct (No pain, no gain)
2. Штимање
3. Oi! Oi! Pogo Party
4. Лоши Деца
5. Начин на Живот
6. Restless Kids
7. Жута Минута
8. Работник во 3-та Смена
9. Прекрасен Свет
10. Joe Hawkins (The Oppressed cover)
11. Bastards in Blue
12. Живееш Ти
13. Нема Лабаво
14. Волшебни Меури
15. Нема да се Смениме
16. Зошто?
17. Скопје (Дружината В.Е.П. cover) заедно со Аце (Дружината В.Е.П.)

Растур Систем @ Хавана, Скопје 10.04.2010


Punk-Rock бенд од Скопје. Почетоците на бендот се уште од 2005-та година со Ментиш - вокал, Гоце (Лоши Деца, Е!?) - тапани, Ико - бас, Чамил (Лоши Деца) - гитара и после брзо време им се приклучува Буцо како соло гитара. По некое време бендот има пауза од 2 години и продолжува со изменет состав: Гоце - гитара/вокал, Кикир - бас, Кико - тапани и Даци (Крпен Живот, Прв Ред) - гитара/придружен вокал. Со оваа постава бендот има настапено еднаш во живо. По некое време и Даци го напушта бендот поради тоа што живее во Пробиштип. Бендот продолжува како трио, но после некое време им се придружува и Заро на гитара. Со оваа постава бендот има снимено една гаражна снимка, но со многу лош звук. Заро исто така го напушта бендот и повторно продолжуваат како трио, но по подолго време Чамил повторно се враќа во бендот како соло гитара и до сега оваа постава не е променета, со која имаат снимено 2 студиски снимки и наскоро се очекува некое студиско издание...
Оваа аудио снимка е од жив настап заедно со Лоши Деца и 2 Минута Мржње од Нови Сад (кои ќе бидат поставени на блогов).
Уживајте...

Track list:

1. Нитро (Загревање)
2. Сакам Ла ла ла....
3. Нова Генерација
4. Не не не
5. Нема повлекување
6. Нема иднина
7. Антисоцијален
8. Не пијам повеќе
9. Лажната иднина
10. Megalomaniac (The Blood cover)
11. Fast `n` Loud (The Ejected cover)
12. Нема иднина
13. Нова Генерација

Monday, March 14, 2011

Brassic - Demo 2007 & 2009


Одличен Oi! бенд од Јужна Калифорнија, С.А.Д. Бендот е оформен 2007-ма година и досега има издадено две демо снимки. Препорачано! Според мене еден од најдобрите Американски бендови што излегле, после Templars нормално!



Brassic - Voice of Freedom (Demo 2009)

1. Warriors
2. Voice of Freedom
3. The Evil has Landed
4. Fuck L.A.


Brassic - Demo 2007

1. Infestation
2. Warriors
3. Pride
4. Benders

Sunday, March 6, 2011

L.S.D. (Left Sided Dicks) - Интервју

 Интервју со "Леваците" од Скопската населба Автокоманда! Punk бенд со необично име Lеft Sided Dicks, кој е оформен во 2008-ма година. Интервјуто е правено со сите членови на бендот...


1. Најпрво за почетоците на бендот, членови –нова и стара постава...

- Бендот е оформен крајот на 2008 год. На почетокот бевме само Нено-Хогар, Пинки и Симе. После го земавме Јоцо како вокал и почнавме поинтезивно со проби. Како гостин на првата свирка ни свиреше Анастасија (Пропаганда) и на крајот на 2010 ни се приклучи и Дамир (S.O.F.A.R.), втора гитара и вокал) како постојан член.

2. Невообичаено име на бенд за нашава “сцена”, зашто Left Sided Dicks?

- Првата идеја беше да се викаме Leftsided но сметавме дека многумина можат да помислат дека сме политички ориентиран бенд, затоа се одлучивме за ова име што го имаме сега. Името доаѓа од конституцијата на нашите “петлиња”. Сакавме да имаме несекојдневно и необично име во кое може да се пронајдат многумина.



3. Опишете го вашиот звук, што поточно свирите и кои бендови влијаеле на вас за да почнете да свирите и направите свој бенд?

- На почетокот песните беа панк, но со текот на времето оформивме свој стил кој што може да се каже дека меѓу панк-рок бендовите. Ново во бендот е што наместо со еден вокал песните сега се со два вокала, од кој едниот е поцврст а другиот помелодичен. Големо влијание на нас имаа повеќе македонските бендови но секако и странските. Од македонската сцена тоа се К.У.Р., No name naton, Лоши деца и др., а од странските Toy Dolls, Ramones, Електрични оргазам, NBG, Аtheist Rap, Goblini, Lude krawe…

4. Покрај тоа што свирите, што друго правите во животот?

- Сите сме студенти освен Симе кој сеуште учи средно. Како и сите млади луѓе сакаме да излегуваме и прочитаме по некоја “книга” и еве еден апел да се укине “Законот за печатници” кој налага издавање на книги до 7 саат. Друго нешто сериозно и не правиме.

5. Кои се вашите омилени бендови од нашата и од странската сцена, кои бендови највеќе ви “пичат” по дома во последно време?

- Пинки: Слушам стрoго панк , но знае се и сешто да ми помине низ компјутер. Бендови што најмногу ми “пичат” по дома се Misfits, Ramones, Лоши Деца, Unseen, Ритам Нереда, Casualties, NBG,Anti Nowhere League.

- Нено: Слушам секаква underground музика, но најомилени ми се панк рок бендовите. Од нашите ги слушам КУР, No Name Nation, Лоши Деца ... од странските често ги пуштам Toy Dolls, Atheist Rap, Kud Idijoti, Goblini, …

- Дамир: Jас сум малку по ориентиран кон метал музиката, но не се ограничувам и можам да уживам во секоја добра песна. Од македонската сцена ги слушам Hall of Sins, Fusnota, Serpentine Fire, Maras, Aeon Arcanum… Од странските тоа се Metallica, Gotthard, Epica, Lude Krawe, Divje Jagode…

- Јоцо: Јас сум хардкорецот во бендот, претежно слушам Њујоршки хардкор. Највеќе ги слушам Agnostic Front, Hitman, GBH, Madball, Beastie Boys…

- Симе: повеќе слушам хардкор, грув, но и секоја добра underground музика. Омилени бендови кои често ги вртам се: Pantera, Hatebreed, Sick of it All, Madball… а од нашава сцена Sanatorium, Hardfaced, Serpentine Fire, Лоши Деца …

6. Досега сте имале само 2-3 локални свирки во Скопје, како сте задоволни од вашите настапи, дали мислите дека публиката ве прифатила како што треба и дали би свиреле низ Македонија, или па надвор од неа?

- Искрено, позитивно сме изненадени од тоа како не прифатија, со оглед на тоа што сме млад бенд кој допрва треба да се докажува. Би ни било чест и би прифатиле каде и да не викнат да свириме низ Македонија, а доколку се укаже прилика за свирење надвор од држaвата би ни било задоволство, но сметаме дека треба да се докажеме прво на нашата сцена.



7. Што сакаат да кажат L.S.D. во нивните текстови, која е вашата порака и за што поточно се работи во вашите текстови?

- Текстовите претежно се комични, преку нив најчесто го искажуваме нашето секојдневие и начинот на нашиот живот. Во нив нема политика и идеолошко определување. Пишуваме за општокорисната работа во парк, плаќањето казни за возење после 11 саат, за рациите во кои што сите бевме собирани, и секакви глупости кои ни се случувале и допрва ќе се случуваат.

8. На блогов имам поставено неколку песни од вашите два настапа, па може ли да се очекува во блиска иднина некое издание на L.S.D., албум, Е.Р. или слчно?

- Веќе сме при крај со снимањето на нашата прва демо песна, којашто се надеваме дека ќе ја пуштиме на интернет до крајот на овој месец, и се надеваме дека добро ќе биде прифатена од љубителите на punk-rock музиката. За нешто посериозно секако дека размислуваме, но тоа ќе биде понатаму.

9. Дали би прифатиле доколку некоја издавачка куќа (за ваков вид на музика, Oi!/HC/Punk) ви понуди договор за соработка, или би останале само на D.I.Y.?

- Веројатно би прифатиле, во зависност од условите кои ќе ги понудат, бидејќи тоа би бил голем чекор напред. Мислиме дека е потребно тоа на нашата сцена за да ги промовира underground бендовите.

10. Каков е вашиот став за нашава катастрофална Punk сцена? Што мислите што е проблемот што бендовите не се активни и се затворени во гаражите? Имате ли некоја идеја за подобрување на Punk сцената во Македонија?

- Се согласуваме дека сцената е катастрофална.Мислиме дека клучниот проблем е во тоа што нема подршка за underground сцената, не доаѓаат луѓето на свирки. Бендовите се затворени бидејќи многу ретко има свирки, а и кога има добра свирка со добри бендови, посетеноста е многу мала. Сметаме дека треба да се отвори издавачка куќа за ваква музика, којашто ќе им помага на младите бендови.

11. Нешто за крај?

- “Не е важно дали е голем, не е важно дали е мал, важно е само на која страна се наоѓа”

Saturday, March 5, 2011

Agnostic Front - My Life, My Way (2011)


Нов албум на hardcore легендите Agnostic Front, од New York, оформени во 1980-та година.

01. City Street
02. More Than a Memory
03. Us Against the World
04. My Life My Way
05. That's Life
06. Self Pride
07. Until the Day I Die
08. Now and Forever
09. The Sacrifice
10. A Mi Manera
11. Your Worst Enemy
12. Empty Dreams
13. Time Has Come

Friday, March 4, 2011

Brutti E Ignoranti - Alla Faccia Vostra (2009)


Одличен Skinhead/Oi! бенд од Милано, Италија, оформени 2008-ма година.

Track list:

1. Furgone
2. Rabbia e Stile
3. Monolocale
4. Libertà
5. Latrin Lover
6. Italia
7. Falliti
8. Painful
9. Pisellone
10. Born to Lose
11. Stay Free
12. Col Cazzo Che te la dò Gratis

Monday, February 28, 2011

No Tag - Live @ TVNZ 1983











Клиповите се снимени во студио на Ново Зеландската телевизија TVNZ во 1983-та година. Студиото е направено како да изгледа дека свират во некој паб.

Sunday, February 27, 2011

Прв Ред - Интервју


Прв Ред се Oi!-Street Punk бенд, или они повеќе како што сакаат да се наречат Hooligan Rock'n'Roll, кои се оформени 2010-та година во Пробиштип. Интервјуто е правено со нивниот гитарист и придружен вокал, Даци.



1. За почеток еден мал опис на бендот, почетоците, членови и слично…

- ПРВ РЕД е Oi! бенд (хулигански рокенрол) од Пробиштип (Македонија) оформен во Септември 2010 година, од четири момци, од кој двајца се членови на Skinhead Oi! бендот Крпен Живот од Пробиштип, кој скоро цел живот се заедно, родени иста година (1985).
Идејата за бендот потекнува од бетонската трибина на градскиот стадион на ФК Рудар, трибина на која со големо задоволство ја поминуваме секоја недела, бодрејќи го ФК Рудар. Инаку, некаде во почетокот на Септември, малку затајавме со нашата навивачка група, поради големо незадоволство од луѓето кој го водат клубот, но и поради некои квази навивачи, кои се само јаки на зборови а ги нема на дело. Така да, решивме нашиот бунт против сите овие работи, да го пренесеме и надвор од нашата трибина, и да го шириме колку што е можно подалеку.
До сега немаме ниту една свирка зад нас, ниту ништо снимано, но се надеваме во блиска иднина на првата свирка и првото демо.

Членови:


* Џуниор - вокал
*
Даци - гитара / вокал
* Давор - бас
* Кокси - тапани

2. Дали некои од членовите на бендот свират и во други бендови и во кои?

- Како што веќе напоменав во првото прашање, гитаристот Даци и тапанарот Кокси свират во локалниот Ои! бенд Крпен Живот, додека тројца членови од Прв Ред, без вокалот, имаат неколку студиски проекти, но ништо не е сериозно, само по некоја проба од време на време, и толку.

3. Hooligan Rock'n'Roll е нешто ново за нашава "сцена", како дојдовте до идејата за ваков тип на музика? Кои бендови ве инспирираа да почнете да свирите ваков тип на музика?

- Hooligan Rock'n'Roll, или на нашки хулигански рокенрол”, e само опис на музиката или стилот што го свириме, тоа значи дека текстовите ни се претежно за фудбал, и се што е поврзано околу фудбалот, т.е. нашата екипа, итн.
Што се однесува до влијанието на звукот на Прв Ред, можам да кажам дека најразлични бендови од најразлични стилови ни влијаат, почнувајќи од Oi! / punk-rock бендовите како: Cock Sparrer, Cockney Rejects, the Business, Infa Riot, Ramones и некој други, па малку влијание и од hardcore бендовите: Agnostic Front, Warzone, Iron Cross, Slapshot, но и од некој hard rock бендови како: Motorhead, AC/DC, Rose Tattoo и нашите Чоканче.

4. Освен со музика и свирење, со што друго се занимаваат членовите на бендот, работа, школо…?

- Тројца членови од бендот работат т.е. Кокси моментелно одмара поради повреда на работно место, а басистот Давор се занимава со "професионално" онлајн играње на покер, и на тој начин печали пари. хехе

5. Кои ви се омилени бендови од Македонската и странската сцена? 

- Од македонските бендови сите членови едногласно се согласуваме дека Чоканче се најдобриот македонски рокенрол бенд, а јас лично како добри наши Oi! / punk бендови ќе ги напоменам: Крпен Живот (хехе), Растур Систем, Лоши Деца, В.Е.П Дружината, Комунална Хигена, Млади Атентатори (млад ои! / панк бенд од Пробиштип), а од странските бендови, моментално овие денови слушам само холандски и белгиски бендови како: Badlands, Discharger, Discipline, Soultamer, Hardsell, најдобрите Kill Baby, Kill! и други.
Кокси нема омилени бендови, има само еден омилен бенд, а тоа е The Who.
Џуниор ги слуша највеќе: Крпен Живот, No Name Nation, Лоши Деца од нашите, а од странските Cock Sparrer, Oxymoron, The Last Resort…
Давор не е многу по музиката, бидејќи нема време поради покерот да слуша музика хахаха, но негов најомилен бенд на сите времиња е Ramones.

6. Што мислите за Македонската Oi!-Punk сцена, зашто е толку бедна и бендовите од свирење по гаражи (проби) и некоја локална свирка од 1-2 годишно ништо не прават повеќе? Каква е вашата идеја за кревање на нивото на нашата сцена?

- Незнам ни јас зошто бендовите несакаат себеси да се промовираат преку изданија или свирки, но вака заглавени по гаражи не прават ништо за подобрување на сцената. Срамота е да немаме ниту 10-ина квалитетни Oi! / punk-rock бендови во Македонија. Фалат свирки, но не само во Скопје, фалат добри свирки низ целата земја, да се промовираат и бендовите од Скопје низ Македонија, и бендовите од другите градови низ цела Македонија.

7. Назад за бендот. Има ли бендот некоја официјална страна и може ли некаде да се случне вашиот звук и луѓето да се запознаат повеќе со вашата музика и да видат што поточно значи Hooligan Rock'n'Roll?

- Имаме страна на Myspace и на Facebook, но освен 2 песни (снимани на првата проба), на кои снимката е ептен лоша, немаме ништо друго, засега, но веќе за 2-3 недели ќе се потрудиме да снимаме подобро демо или можеби и Е.P.

8. За што конкретно се пее во вашите песни, дали имате политички текстови?

- Политички текстови немаме, имаме само еден за влијанието на политичките партии врз работникот, а во другите пееме за љубовта кон родниот град, за екипата, за животот, за фудбалот (најголем дел од песните за поврзани околу фудбалот), исто така имаме и еден текст за сите кои се отргнале од панкот поради дрогата, за алкохолот (поточно за влијанието од алкохолот) хаха…

9. Досега сте немале ниту една свирка, дали планирате да свирите низ Македонија, а можеби и пошироко? Со кои бендови би сакале да ја делите сцената?

- Моментално немаме свирки, бидејќи како нов бенд сеуште работиме на звукот на бендот, песни има спремно, но ќе почекаме уште малку за да вокалот поработи на пеењето, бидејќи никогаш порано не е бил во бенд, мора малку да поработиме на тој дел.

10. Имате ли план во блиска иднина да издадете албум? Мислам дека на нашава сцена му фали еден ваков бенд, па затоа што побрзо работете на издавање на албум.

- Доколку се оди како што планираме, а тоа значи да се извежбаат песните, и да се направи бар една или две свирки, можеби веќе на пролет или на лето ќе го снимиме целиот материјал што го имаме до сега.

11. Малку за фудбал. Со оглед на тоа дека свирите Hooligan Rock'n'Roll и доаѓате од Пробиштип, што значи автоматски го симпатизирате Ф.К. Рудар, какво е вашето мислење за фудбалската мафија (ФФМ) и навивачката сцена во Македонија? Во која лига игра Ф.К. Рудар и дали одите да го гледате својот миленик на стадион?

- Навивачката сцена во Македонија е БЕДНА и СРАМНА, исто како и Oi! punk сцената. ФФМ си го праат своето, го уништуваат фудбалот во Македонија на секој можен начин, а паралелно со тоа и ја уништуваат навивачката сцена, која веќе и така почна да тони пред многу години.
Рудар веќе многу одамна е во Трета лига – Исток, и не верувам дека во блиска иднина ќе се смени нешто, бидејќи нема кој да го води клубот напред. Ние како негови навивачи скоро секоја утакмица сме со него и го бодриме, но сето тоа се сведува само на добра забава, ништо сериозно повеќе, кога веќе знаеме дека сите шанси за подобро се потонати.


12. Некоја порака за крај…

- Сите оние што имаат бенд, нека не седат само по гаражи и да се пијанчат на проби, има време и за пијанчење, но најпрвин доколку стварно сакате да кажете нешто преку вашата музика, излезете од гаража, промовирајте се на секој можен начин, направете нешто добро за нашата сцена.

А до сите други на кој фудбалот им е најбитната работа или барем викаат дека е така, направете разлика од симпатизер и навивач, и секако најбитното НАВИВАЈТЕ ЗА ВАШИОТ ЛОКАЛЕН ФУДБАЛСКИ КЛУБ!

п.с. – Да живее ФК Рудар и Македонија!

Friday, February 18, 2011

Condemned 84 - The Real Oi! E.P. (2011)


Track list:

1. I Just Wanna be Famous
2. The Sound of Oi!
3. No One Likes Us - We Don't Care (Live in Germany 2010)