Saturday, September 24, 2011

Rock'n'Riot Fest vol.1 - 08.10.2011



Во соработка на К.Р.И.К. и Улицата не Зближува годинава ќе биде промовиран првиот Rock 'n' Riot Fest на кој ќе настапат три бенда од Македонија и еден од Црна Гора.

Свирката ќе се одржи на 8.10.2011 (сабота) во зимскиот клуб Хавана со почеток од 20 часот и влезот ќе чини 150 денари.

Е!? е скопски punk бенд без влакна на јазикот на кој ова ќе им биде прв настап од нивното формирање, кое е од пред година и пол. Надежен бенд кој допрва треба да се докажува на нашава punk сцена со специфичен punk звук и како што напоменав, текстови со без влакна на јазикот.

Прв Ред исто така ќе го имаат својот деби настап и кој ќе има многу да понуди пред скопската публика. Прв Ред е Oi! бенд (или Hooligan Rock'n'Roll, како што сакаме повеќе да го нарекуваме стилот што го свириме) од Пробиштип, Македонија, оформен во септември 2010 година. Идејата за бендот потекнува од бетонската трибина на градскиот стадион на Ф.К. Рудар од Пробиштип, трибина на која со големо задоволство ја поминуваме секоја недела, бодрејќи го Ф.К. Рудар.

Punkreas е Street/Punk бенд од Никшиќ, Црна Гора. Оформени се 2003-та година, но со поголемо внимание и посвета на бендот почнуваат година дена покасно. Името на бендот е сосема случајно и нема никаква врска со бендовите со исто име од Италија, Хрватска и Молдавија. Имаат издадено еден албум Glava Kroz Zid во 2009-та година, кој можете да го најдете на Улицата не Зближува блогот со бесплатен линк за симнување. Досега ја делеле бината со познати бендови како што се: Трула Коалиција, KBO!, Six Pack, Doktor Picasso и многу други, како и настапи на неколку познати фестивали String Fest во Суботица, Ex-yu Rocks Fest во Бања Лука...

Лоши Деца кои се многу добро познати на нашава punk сцена оваа година слават 10 години од нивното формирање. Покрај нивните одлични хитови бендот ќе се претстави и со новиот материјал кој го спремаат за снимање на вториот студиски албум што се очекува да биде готов и да излезе следната година. Најавуваат одличен настап ваше е да бидете присутни и да ја осетите одличната атмосфера која ја прави публиката за време на нивните настапи.

Е!?
- Punk (Skopje) - First attack on stage

Прв Ред - Hooligan Rock'n'Roll (Probistip)

Punkreas - Street Punk (Niksic, Montenegro)

Лоши Деца - Oi!/Street Punk (Skopje) - 10th Anniversary

Date: 08.10.2011
Cost: 150 Mkd.
Start: 20:00h.

Thursday, September 22, 2011

Šank - Grad je Naš


Одличен Oi!/StreetPunk бенд од Загреб, Хрватска. Бендот е формиран средина на 2010-та год. од членови на неколку Хрватски бендови: No More Idols, Dolibasija, Flegma и други...
ПРЕПОРАЧЛИВО!!!


 
Track list:

1. Muda
2. Nemamo sreće
3. Spas
4. Grad je naš
5. To me ne brine
6. Ne odustajem
7. Za kvart
8. Metak za kraj
9. Noćas
10. Na mome mjestu
11. Kurva

Tuesday, September 20, 2011

Врисак Генерације @ Дом Омладине, Белград 04.11.2006


Настапот на Врисак Генерације пред The Cockney Rejects во Дом Омладине, Белград одржан на 04.11.2006.
Момците од Скопје во прв ред, нормално! :)

Download: Врисак Генерације @ Дом Омладине, Белград 04.11.2006

Monday, September 19, 2011

Лоши Деца @ Ц.К. Браќа Миладиновци, Струга


Лоши Деца - Oi!/Street Punk (Скопје)
Dj Tomce Rootboy - Oi!/Ska-Reggae (Струга)
Dynamic Duo - Beatbox (Струга)
Дата: 23.09.2011
Влез: 100 Мкд.
Старт: 21:00 ч.
Локација: Центар за Култура Браќа Миладиновци - Струга

Wednesday, September 7, 2011

The Templars - Interview




Превземено од некој Чешки фанзин!

Friday, September 2, 2011

Мортал Комбат - Смртоносна Шорка (2011)


Мортал Комбат e Metal/Punk бенд од Белград, Србија. Бендот е оформен на 1-ви Април 2009-та година под слоганот: "Шахисти: Неможеш со нив, неможеш без нив!". Албумов првенец го издаваат во Фебруари 2011-та година.
Бендот наскоро ќе настапи во Скопје! ;)

Track list:

1. Смртоносна Шорка
2. Немој Битти Емо
3. Клинт Иствуд
4. Секс и Град
5. Телешоп
6. Beat It
7. Беовизија
8. Евровизија
9. Теретана
10. Паук Човек
11. PMS
12. Wife Beater
13. Велики Брат