Sunday, December 22, 2013

„Лоши Деца“ + "The Exploited" 28.12.2013.



„Лоши Деца“ како загревање пред шкотските легенди "The Exploited" на скопски Саем, како дел од Таксират 15!
ОВДЕ може да прочитате едно мало интервју со Жица, за престојниот настап на 28.12.2013.
Борбата Продолжува!

Thursday, December 12, 2013

Тотално Опуштање - А во слободно време (2013)




Новиот албум, петти по ред, на „Тотално Опуштање“ со наслов „А во слободно време“ со free download, кој можете да го симнете, а и чуете, ОВДЕ!

Цеде промоција на 15-ти во Браво, а концертна промоција на 27-ми во МКЦ!

Tuesday, December 10, 2013

’Кактус’ во Прилеп! (13.12.2013)




13.12.2013. Image cafe, Прилеп / Влез: 50 мкд.

Тотално Опуштање - нов албум промо




„Драги другарчиња, по повод одбележувањето на 20 годишнината од постоењето на Тотално Опуштање Ве покануваме на дружење и промоција на нашиот нов, петти по ред албум ’А во слободно време’.Кафе бар Браво, 15 декември, недела, од 20.00 часот. Ќе се пие домашно вино и ракија, ќе има мезенце, ќе се слуша новиот албум и ќе се гледаат стари видео снимки од Тотално Опуштање. Свирење ќе има на 22 декември во Канал 103, а концерт на 27 декември во МКЦ.

 15.12.2013. Кафе бар ’Браво’ / Страт: 20:00ч.

Tuesday, December 3, 2013

"The Exploited" во Скопје! - 28.12.2013.




2013-та година ќе ја поздравиме со шкотските Punk легенди "The Exploited" кои за прв пат доаѓаат во Македонија! Ќе настапат како дел од Таксират 15, кој се оддржува традиционално во Скопскиот Саем, а влезниците сега за сега чинат 450 денари.

Thursday, November 7, 2013

Club Codex 1992











Концертно издание на неколку Hardcore/Punk бендови од Македонија, меѓу кои: "Brutal Dick", "Dead Cops Rock", "Chicken Terror", "Bloody George", "Brigade O.D.", во клубот Cortex  од 1992-ра година.

Wednesday, November 6, 2013

Friday, October 25, 2013

„Панк во Битола“ од Илија Марков



Пред неколку дена во Битола книгата со наслов „Панк во Битола“ имаше своја промоција, која воедно е и првата таква книга од ваков вид во Македонија.
Повеќе информации за и околу книгата, како и за тоа да си ја нарачате/купите, можете да го исконтактирате авторот преку својот фејсбук профил: Ile Punk

Wednesday, October 23, 2013

Ska забава на Школка - 25.10.’13.




SkinheadReggae / Ska / Rocksteady / TwoTone забава на Школка, во Градски парк-Скопје!
Старт: 21:30ч.

Фејсбук настан: Ska is back on the Boombox!

Saturday, September 28, 2013

Тотално Опуштање со нов албум!



Снимањето на новиот, петти по ред албум на Тотално Опуштање се одвиваше во "Студио Кај Трајче" во текот на септември 2013 и истото е завршено. Музички продуцент, како и на претходните две изданија е нашето пријателче Дарко Поповски Блуз. Материјалот се дотерува и наскоро ќе биде достапен. Со овој албум групата го одбележува својот 20 годишен јубилеј, а богами до крајот на годинава ќе биде промовиран и концертно.


Sunday, September 22, 2013




Šank?! - Treća runda (2013)



Новиот, трет по ред, студиски албум на загребачките Шанкери, можете да го симнете ОВДЕ!

Промоција на албумот се очекува и во Скопје, бидете спремни! ;)

Monday, September 16, 2013

The Detonators (NS, RS) + Флукс @ Гаража, 03.10.2013.



*The Detonators (Нови Сад)
Detonators се момци од Нови Сад, Србија кои од 2010 год. свират специфичен панк-рок со влијанија на фолк, рок ен рол и рокабилити елементи. Веќе во 2011 ги издадоа албумот „Nuthin’ To Lose“ и ЕП-то „R’n'R Keeps Me Alive“.
Ако сте љубители на Social Distortion, Dropkick Murphys, Rancid .. ќе ви се допаѓаат ептен :) Најновиот албум "My World" издаден за Destiny Records, ќе го промовираат на Европската турнеја во октомври на чија мапа се наоѓа и Скопје.
*Флукс (Скопје)
Скопските “Флукс”, уште од 1994 свират динамичен панк-рок со социјално ангажирана тематика. Иако постојат подолго време, нивното второ издание "Старо Аро" беше снимено (дури) во 2008 година, а на големо задоволство на нивните фанови евергрините “Гнилост”, “Панк”, “Луѓе без сфаќања”, “Убијците на овој град... се често на сет листата :)
Локација: Гаражите позади Веро 2 (Тафталиџе)
Влез: Донација
Почеток: 19:00 часот

Wednesday, September 11, 2013

Frontline - Други Долазак (2013)




Втор студиски албум на српскиот Oi!/PunkRock бенд "Frontline" од Нови Сад. Албумот можете да го симнете на следниов линк: http://nocturnemagazine.net/download/55/frontline-drugi-dolazak


Wednesday, August 7, 2013

Како ми си #1, клуб Арена, Охрид (09.08.13)




THE AUTHOR / Lidu punk - Охрид
КАКТУС / Anarcho Punk - Битола
SKULLCRUSH / Thrash Metal - Битола
DJ TOMCE ROOTBOY / Струга

Клуб Арена, Охрид / Влез: 100 ден. / Старт: 20:00ч. 

Tuesday, August 6, 2013

Лоши Деца @ клуб Хавана, Скопје (10.04.2010)



Аудио снимка од настапот на "Лоши Деца" во клуб Хавана, Скопје, како локална поддршка пред новосадските Oi!/Punk легенди "2 Минута Мржње", заедно со "Растур Систем".

Tuesday, July 23, 2013

Визија - Рок бенд, Скопје



Бендот Визија опстојува на македонската рок сцена од ноември 2011 година. Членови на бендот сеМарко Џамбазоски (Соло гитара/ придружни вокали), Марко Гапо (Вокал / Ритам гитара), Лилјана Јанкова (Бас гитара/ Придружни вокали), Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил. Во своето едно-ипол годишно постоење бендот бележи настапи на повеќе фестивали, концерти и манифестации, меѓу кои може да се издвојат настапот на Тк – так фестивалот во Кавадарци, каде што бендот беше награден, престижниот скопски фестивал – Таксират, Складиште Фест во Србија како и уште еден настап на Т'к-так Фест оваа година, но овој пат како главни гости во ревијалниот дел заедно со Ареа. Визија, покрај активните подготовките за настапите кои следуваат на повеќе фестивали низ Македонија и на Балканот, подготвува и нов материјал кој ќе биде дел од планираниот албум. 
 Од приближно 200 пријавени бендови од целиот Балкан, стручното жири составено од Бранимир Локнер, Драгиша Радуловиќ и Џорџе Давид ги избраа 12-те најквалитетни бендови кои ќе настапат на 47-мата Гитаријада во Заечар, која ќе се одржи во периодот од 1 - 3 август 2013. Меѓу нив, единствен бенд од Македонија е бендот Визија, кој ќе се бори за големото признание на овој најпознат рок фестивал на Балканот.  

Инфо за бендот: http://www.facebook.com/VizijaMK

Friday, July 5, 2013

Punk Recharge 3 @ Битола; 13.06.2013


Локација: Хотел Битола; Старт: 20ч.; Влез: 100 ден.

New Police State
Disclass
Кактус
Disease
The Author
PEZ