Monday, November 24, 2014

Лоши Деца на Лузер Фест @ МКЦ, Скопје - 29.11.2014.



Влез: 100 мкд.

Space Eater / Alitor @ Хавана, Скопје - 05.12.2014.




МКМЕТАЛ ви ги презентира Space Eater и Alitor од Србија кои моментално се на нивната заедничка европска турнеја "Passing Through The Fire To Europe". Како локална подршка ќе се појават домашните Skullcrush и Gargoyles.

Влез: 200 денари

Рок Фест се враќа назад!



По четири годишна „хибернација“, најстарата организирана рок-манифстација во Македонија, РОК ФЕСТ повторно се активира.
Оваа година фестивалот ќе ја одбележи 30-годишнината од своето постоење и ќе се одржи на 17 и на 18 декември 2014 година во МКЦ.

Сите заинтересиран групи може да се пријават на следниот e-mail: rockfest.mk@gmail.com.
Огласот трае до 5 декември 2014.

Апликацијата за пријава треба да содржи:
- Име на групата
- Град од кој потекнуваат
- Број на членови, име и презиме на членовите
- Три песни во MP3-формат
- Стил на музика
- Контакт телефон, e-mail, фејсбук профил

The Stone (RS) @ МКЦ, Скопје - 12.12.2014.



Sunday, November 16, 2014

К.У.Р. со нов албум и документарен филм за бендот!



„Културно Уметнички Работници“ со нов албум, насловен „Мит Ми Комен“. Истиот можете да го чуете и преземете овде.

Исто така, снимен е и документарен филм за бендот, со наслов „Денот да е радосен“, кој премиерата ќе ја има на 20.11.2014. со почеток од 21ч. во кино Фросина. Билетот чини 100 ден., а после претставата бендот ќе има концертна промоција на новиот албум во горната сала на М.К.Ц.




Трејлер:

Tuesday, November 4, 2014

G.B.H. на Таксират! (07.12.2014)




Панк легендите "Charged G.B.H." на овогодинешниот Таксират фестивал! Промо влезници по цена од 500 дененари преку Мк.Тикетс и во Југотон.

Monday, August 25, 2014

Лоши Деца и Контра на Streetriffs fest во Белград! (04.-06.09.2014)




Скопските Punk/Oi! бендови, Лоши Деца и Контра, ќе настапат на тридневниот "Streetriffs fest" во Белград, Србија, во клубот Sioux. Нивниот настап е закажан за сабота 06.09.2014, а бината ќе ја делат со белградските StreetPunk легенди Шахт, како и со Групна Терапија од Бања Лука и Јорговани од Чичевац/Белград.
Останатата програма е исто така солидна и на претходните два дена ќе настапат:

04.09. Четврток:
Биртија (Бг)
Прилично Празни (Бг)
Punkreas (Нк)
Жута Минута (Бг)
Skadrilla (Бг)

05.09. Петок:
ПогонБгд (Бг)
Гаврило Принцип (Сд)
По Кратком Постуку (Бе)
Увијек Други (Бл)
Against the Odds (Нс)

Цените на билетите во претпродажба чинат:
300 динари за една вечер;
500 динари за две вечери;
790 динари за сите три вечери.
Цената на билетите на самиот концерт ќе чини 350 динари од вечер, а нивниот број е ограничен.

Tuesday, August 5, 2014

Ои!/Панк свирка во Охрид! 09.08.2014



Контра - Скопје
Комунална Хигена - Охрид
Прв Ред - Пробиштип
The Author - Охрид

Клуб Арена, Охрид / Старт: 20:30ч. / Влез: 150 мкд.

Wednesday, July 16, 2014

Шахт - Рокер стари (спот 2014)





Нов видео запис на белградските легенди Шахт!

Thursday, May 22, 2014

27.06.2014 @ Хавана, Скопје



Руската death metal машина "Dehydrated", на својата летна турнеа низ Европа, ќе помине и во Скопје. Со својот агресивен и тежок звук, надополнет со еден од најдобрите женски growl-ови, ќе ја растурат Хавана!
Самиот факт што се довлечкале тука, дури од Сиберија, заслужува да добијат одлична поддршка. Најдобар избор да се почне летната сезона.

Friday, April 18, 2014

Punk 'n' Thrash @ Битола! 07.05.14.



Punkreas од Никшиќ, ЦГ, повторно во Македонија, но овој пат во Битола, од каде што ќе ја започнат својата мини турнеа во Грција.
Локална поддршка: Кактус, Skullcrush и Dj. Rootboy.

07.05.2014. / Club Positive, Битола / 21:30ч. / 100 мкд.

Saturday, March 29, 2014

Sepultura во Скопје! 09.06.2014. @ М.К.Ц.



ПОСТЕТУВАЊЕ!

Картите до 31.03. ќе чинат 700 денари! Од 01.04. до 08.06. цената ќе биде 900 денари! На денот на концертот ќе бидат 1.100 денари! Картите се ограничени!

Продажни места:
Скопје: М.К.Ц. и кафе бар Браво!;
Битола: Hard Rock caffe (Кај Оризо);
Прилеп: Кај Горјан.

23.04.2014, клуб Хавана, Скопје



Sunday, March 9, 2014

Флукс - 19.03.2014, Скопје



Клуб "Black Cotton" (екс Корнер, карши Соборна црква).
Влез: Сто денари. Старт: 22:30ч.

Wednesday, February 12, 2014

Бразилските легенди конечно во Скопје!



[IMG] 

„На 9 Jуни во МКЦ ќе имаме можност да видиме еден од бендовите кој во раните 90ти години, заедно со уште неколку други бендови го обликуваше модерниот агресивен, брз и тежок металски звук. Со „еден тон“ дискографија позади своето име, сеуште се водечка сила на свестката метал сцена.“
Локална поддршка: Skullcrash + ???

Картите ќе бидат пуштени во продажба на 1 Март.
-Промотивно од 01 Март до 31 Март цената ќе биде 700 денари!
-Од 01 Април до 08 Јуни цената на картите ќе биде 900 денари!
-На ден на концертот картата ќе биде 1100 денари!
НАПОМЕНА! - КАРТИТЕ ЌЕ БИДАТ ВО ОГРАНИЧЕН БРОЈ!
Местата на продажба ќе бидат објавени наскоро!

07.03.2014. клуб Хавана, Скопје



12.04.2014. клуб Хавана, Скопје



Triple Thrash Treat - 15.02.2014.