Tuesday, July 23, 2013

Визија - Рок бенд, Скопје



Бендот Визија опстојува на македонската рок сцена од ноември 2011 година. Членови на бендот сеМарко Џамбазоски (Соло гитара/ придружни вокали), Марко Гапо (Вокал / Ритам гитара), Лилјана Јанкова (Бас гитара/ Придружни вокали), Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил. Во своето едно-ипол годишно постоење бендот бележи настапи на повеќе фестивали, концерти и манифестации, меѓу кои може да се издвојат настапот на Тк – так фестивалот во Кавадарци, каде што бендот беше награден, престижниот скопски фестивал – Таксират, Складиште Фест во Србија како и уште еден настап на Т'к-так Фест оваа година, но овој пат како главни гости во ревијалниот дел заедно со Ареа. Визија, покрај активните подготовките за настапите кои следуваат на повеќе фестивали низ Македонија и на Балканот, подготвува и нов материјал кој ќе биде дел од планираниот албум. 
 Од приближно 200 пријавени бендови од целиот Балкан, стручното жири составено од Бранимир Локнер, Драгиша Радуловиќ и Џорџе Давид ги избраа 12-те најквалитетни бендови кои ќе настапат на 47-мата Гитаријада во Заечар, која ќе се одржи во периодот од 1 - 3 август 2013. Меѓу нив, единствен бенд од Македонија е бендот Визија, кој ќе се бори за големото признание на овој најпознат рок фестивал на Балканот.  

Инфо за бендот: http://www.facebook.com/VizijaMK

Friday, July 5, 2013

Punk Recharge 3 @ Битола; 13.06.2013


Локација: Хотел Битола; Старт: 20ч.; Влез: 100 ден.

New Police State
Disclass
Кактус
Disease
The Author
PEZ