Friday, October 30, 2009

Рок Агресори - Ебена Антикултура



Рок агресори е македонска рокенрол група оформена во 1991 година од скопскиот рокер Зоки Трпков (вокал и гитара) и Тони Станковски (тапани). Истата година тие ја снимаат нивната прва песна "Врати ми ги парите" со која се претставуваат на националната телевизија и на локалните радио-станици. Во 1992 година ги снимаат песните "Јас смрдам на лук" и "Рок агресор оро". Во 1994 год. во Белград снимаат демо-албум, но поради лошиот квалитет на снимките материјалот не е издаден. Во 1996 год. во студиото на Владимир Петровски-Картер (Бадминтонс, Александар Македонски) во Скопје го снимаат нивниот прв албум "Ебена антикултура", а во 2001 год. во истото студио го снимаат албумот "Хистерија". До 1997 год. се активни на македонската рок сцена со голем број настапи низ Скопје и републиката. Најчесто бас-гитара во групата свират Ристо Aпостолов од Водолија, Сашо Здравев-Ламбе, а и други музичари како Стефан Поповиќ (екс тапанар на No name nation, сега на Till), Коки (Триангл, Конкорд), Сашо Јаневски-Ричи (Ричи проџект, Саваот).


Тотално Опуштање


Групата Тотално Опуштање датира кон крајот на овој век, поточно од раните есенски денови на 1993-та година. Производ е на имагинацијата на нејзиниот пеач кој сакаше да направи многу добра тезгарска група со која што ќе собира пари. Меѓутоа се случи да направи сојуз со уште двајца свои истомиленици со кои влезе во, само за нив разбирлив филм на рок музиката т.н. дивјаштво. Веднашпочнаа со голем успех да ја свират својата рок идеологија низ целата земја. Тоа го постигнуваа(т) со преку 100-те живи настапи ширум татковината и со гостувања по разни радио и ТВ емисии.



Thursday, October 29, 2009

Лоши Деца - Начин на Живот


Албумов е издаден 2007-ма година. Инаку бендот е формиран 2000-01-ва како Солунски Атентатори, кои за кратко време го менуваат името во Лоши Деца. Поставата на бендот е менувана често, освен вокалот кој е од самиот почеток на оформувањето на бендот. Следува нов материјал за некое време.

Track list:

1. Живееш Ти
2. Жута Минута
3. Начин на Живот
4. Прекрасен Свет
5. Работник во 3-та Смена
6. Волшебни Меури
7. Joe Hawkins (The Oppressed cover)
 8. Таа Знае
9. Нема да се Смениме
10. Oi! Oi! Pogo Party
11. Ska!
12. Воена Покана (бонус)

Комунална Хигена - Комунална Свест







Комунална Хигена(мн често напишани Хигиена) е Оi! бенд од Охрид чие постоење и креирање опстои уште од 2005 година само со различно име и постава. Официјалната постава и име постои од Мај 2008.Бендот е креиран од членови кои пред тоа делуваат и учествувале,свиреле, во различни бендови, со цел да се подржи и изгради Оi/Punk rock сцената како на локално ниво така и во Македонија. Годинава излезе нивниот прв албум со наслов "Комунална Свест".


Крпен Живот - Колку Прекрасен Свет




Крпен Живот е Скинхед Ои! бенд од Пробиштип. Оформени се 2005-та год. и имаат еден албум "Колку Прекрасен Свет" издаден 2009-та.



Дружината В.Е.П. - Слобода или Смрт


Дружината В.Е.П. (Вардар, Егеј, Пирин) е патриотски Ои! бенд од Скопје. Оформени 2003-та и имаат издадено едно демо "Слобода или Смрт" во 2006-та год.



Track list:

1. Анархија
2. Банда без Команда
3. Бегај
4. Дружината В.Е.П.
5. Еден е Вардар
6. Ф.К. Вардар
7. Инструментална
8. Никогаш Сами
9. Пиво
10. Револуција
11. Скопје
12. Смрт или Слобода
13. Улицата

Лоши Деца - Live @ Дом на Млади, Штип (29.11.2002)



Епа ајде за сефте нека бидат Лошите Деца со една аудио снимка од жив настап од Дом на Млaди, Штип, одржан на 29.11.2002 год.

Листа:
1. Бабичка
2. Гајба Ладно Пиво
3. Joe Hawkins (The Oppressed cover)
4. Лоши Деца
5. Прекрасен Свет
6. Ска
7. Работник од Трета Смена
8. Воена Покана
9. Волшебни Меури
10. Живееш Ти
11. Жута Минута