Friday, October 30, 2009

Рок Агресори - Ебена Антикултура



Рок агресори е македонска рокенрол група оформена во 1991 година од скопскиот рокер Зоки Трпков (вокал и гитара) и Тони Станковски (тапани). Истата година тие ја снимаат нивната прва песна "Врати ми ги парите" со која се претставуваат на националната телевизија и на локалните радио-станици. Во 1992 година ги снимаат песните "Јас смрдам на лук" и "Рок агресор оро". Во 1994 год. во Белград снимаат демо-албум, но поради лошиот квалитет на снимките материјалот не е издаден. Во 1996 год. во студиото на Владимир Петровски-Картер (Бадминтонс, Александар Македонски) во Скопје го снимаат нивниот прв албум "Ебена антикултура", а во 2001 год. во истото студио го снимаат албумот "Хистерија". До 1997 год. се активни на македонската рок сцена со голем број настапи низ Скопје и републиката. Најчесто бас-гитара во групата свират Ристо Aпостолов од Водолија, Сашо Здравев-Ламбе, а и други музичари како Стефан Поповиќ (екс тапанар на No name nation, сега на Till), Коки (Триангл, Конкорд), Сашо Јаневски-Ричи (Ричи проџект, Саваот).


No comments:

Post a Comment