Monday, November 2, 2009

Бoмбашки Процес - Demo


Групата Бомбашли Процес ја формираа Влатко (гитара), Трајче (гитара-вокал) и Боби (бас-вокал) на 9-ти Мај 1995 год. Потоа на бендот му се приклучија Ацко (тапани) и Ели (пратечки вокал). Оваа постава функционира до Април 1996-та кога на местото на Ацко доаѓа Гелс, а групата продолжува да свири без пратечкиот зенски вокал. Во ваква четиричлена постава групата функционира некаде до пред крајот на 1997-ма година. Потоа групата престанува со работа освен ако се изземе очајничкиот обид на Влатко (бас) и Трајче (гитара-вокал) за нејзино повторно реоформување кое низ 3 свирки се случи во периодот декември 2000-јануари 2001 и каде на тапани им гостува Љак од Тотално Опуштање. Во периодот 95-97-ма година бендот свири на сите фестивали за демо бендови и оствари четири демо снимки од кои две се најдоа на компилациите Рок Фест 96 и Рок Фест 97, каде што групата на 2 пати настапуваше во финалето.


No comments:

Post a Comment