Saturday, September 28, 2013

Тотално Опуштање со нов албум!



Снимањето на новиот, петти по ред албум на Тотално Опуштање се одвиваше во "Студио Кај Трајче" во текот на септември 2013 и истото е завршено. Музички продуцент, како и на претходните две изданија е нашето пријателче Дарко Поповски Блуз. Материјалот се дотерува и наскоро ќе биде достапен. Со овој албум групата го одбележува својот 20 годишен јубилеј, а богами до крајот на годинава ќе биде промовиран и концертно.


Sunday, September 22, 2013

Šank?! - Treća runda (2013)



Новиот, трет по ред, студиски албум на загребачките Шанкери, можете да го симнете ОВДЕ!

Промоција на албумот се очекува и во Скопје, бидете спремни! ;)

Monday, September 16, 2013

The Detonators (NS, RS) + Флукс @ Гаража, 03.10.2013.



*The Detonators (Нови Сад)
Detonators се момци од Нови Сад, Србија кои од 2010 год. свират специфичен панк-рок со влијанија на фолк, рок ен рол и рокабилити елементи. Веќе во 2011 ги издадоа албумот „Nuthin’ To Lose“ и ЕП-то „R’n'R Keeps Me Alive“.
Ако сте љубители на Social Distortion, Dropkick Murphys, Rancid .. ќе ви се допаѓаат ептен :) Најновиот албум "My World" издаден за Destiny Records, ќе го промовираат на Европската турнеја во октомври на чија мапа се наоѓа и Скопје.
*Флукс (Скопје)
Скопските “Флукс”, уште од 1994 свират динамичен панк-рок со социјално ангажирана тематика. Иако постојат подолго време, нивното второ издание "Старо Аро" беше снимено (дури) во 2008 година, а на големо задоволство на нивните фанови евергрините “Гнилост”, “Панк”, “Луѓе без сфаќања”, “Убијците на овој град... се често на сет листата :)
Локација: Гаражите позади Веро 2 (Тафталиџе)
Влез: Донација
Почеток: 19:00 часот

Wednesday, September 11, 2013

Frontline - Други Долазак (2013)




Втор студиски албум на српскиот Oi!/PunkRock бенд "Frontline" од Нови Сад. Албумот можете да го симнете на следниов линк: http://nocturnemagazine.net/download/55/frontline-drugi-dolazak