Tuesday, January 26, 2010

The Oppressed! - Fuck Fascism Before It Fucks You


The Oppressed! - Fuck Fascism Before It Fucks You

Oi! 1 дел - ’80-ти

Март 1981, Russel (Ducky) Payne е пуштен на слобода од Borstal (затвор за малолетници) , а и јас сум пуштен истотака од затвор. Во тоа време ние не се познававме, така да тоа беше обична случајност да заедно бидеме во затвор поради насилство. Во секој случај Ducky (гитара), неговиот брат Ronnie (бас) и Gary Tier (тапани) кои сите до еден беа Skins-и од Кардиф (Велс) , заедно со Martin Brennan (вокал) кој беше Скин од новиот период, одлучија да основаат Oi! бенд.

Во време додека се ова траеше јас основав INSANITY SQUAD, членови беа мојот брат Dom на бас, неговиот другар Vince King кој беше вокал,
Ed Fleming на тапани и јас на гитара. Јас и Vince бевме Skinhead-и, а Dom и Ed беа Панкери, така да ние бевме првите што основаа skunk бенд. Свиревме на неколку локални свирки, не снимивме ниеден албум и на крајот се распаднавме кога пробавме да направиме самостална свирка, толку изнервирани што неможевме разумно да видиме се што се случува.

Малку да се вратиме на Ducky; Ronnie одлучи да го напушти бендот. Тоа не беше ништо ново зошто дечкото не се снајде во сето тоа. Барајќи нов басист го прашаа мојот другар Peddy (Suedehead) Murphy дали сака да им се придружи. Peddy не можеше да свири во тричленет бенд па затоа ме предложи мене. Јас и Peddy бевме на нивната прва свирка, а се сеќавам и кога и реков на Jayne (Er Indoors) дека јас треба да бидам во бендот.

Така Ducky,Gary и Brennan неочекувано заѕвонија на мојата врата и ми понудија понуда што неможев да ја одбијам. Предложив Dom да биде басист покрај мене како втор гитарист, а момците на тоа воодушевено прифатија.Се ова се случуваше во периодот на 1981 година, така да оваа постава ја избуткавме година дена. Brennan и Gery решија да го напуштат бендот така да јас го превземав вокалот, а во меѓувреме го најдовме Kid Lee Jenkins да свири на тапани. Lee беше од Risca, место оддалечено 20-тина километри од Кардиф. Ми остана во сеќавање тоа што во една прилика ми рече: “Јас сум ебано фантастичен”. Секако тоа ми го кажа на моментот кога го прашав дали е добар, на што ми одговори : “па секако, затоа ти реков дека сум ебано фантастичен” на прашањето: “имаш ли опрема?”. Со оваа постава свиревме околу 2 години и снимивме приближно се во текот на 80-тите.

Скоро сите наши свирки завршуваа со тепачки (момците одсекогаш ќе бидат тоа што се) и на крајот сето тоа на нас ќе ни се смачи. Работевме заедно во студијо со Juan Garcia, панкер кој живееше близу Кардиф и свиреше на тапани. Одсвиревме три верзии на албумот, но немавме ниедна свирка. Toa беше се што се случуваше во 80-тите. Пројдоа помалку од 4 години, а изгледаше како да траело цел живот.



Oi! 2 дел - ’90-ти

После разделувањето во 1984-та, наредните 6 години работев на моите Oi! и SKA изданија, помагав да се основа SHARP движењето, 1987/88 ги споив The Rude Boys со моите браќа Dom и Adrian (R.I.P.) и тројца саксфонисти. Крајот на осудесетите The Rude Boys се распаднаа зошто требаше да вложат многу напор за издавање. На се ова треба да се додаде дека беше и бебе на пат ( Oi! момче) , затоа прекинав со музиката и се вработив.

Повторно го собрав бендот The Oppressed! 1994 затоа што некои фашистички гомна лепеше некои налепници Combat 18 – Niggers Out ! во моето маало. Ги искинав налепниците и си помислив “заеби ти ова”, го искористив профилот на бендот како повторно да се бори против фашизмот. Наредните 2 години јас, Dom и Adrian снимивме некои антифашистички песни вклучувајќи го и “Fuck Fascism” EP-то!

Свиревме неколку локални свирки “Шоу за момци ” вклучувајки ја и нашата опротителна свирка со работниците кои што го снимаа филмот “They Think It’s All Over – It Is now”! Иако ова ни беше опростителна свирка добивме понуда што неможевме да ја одбиеме – свирка во Camden Irish Centar за Анти-Фашистичката Акција (05.11.1996). На бендот The Business им е упропастена свирката од страна на Combat18, затоа што бендот несакал да ги најми како обезбедување. Поради тоа фашистите издале оглас во кој соопштиле дека ниеден Oi! бенд нема да свири во Лондон ако не е обезбедуван од страна на Combat 18! Момците од Антифашистичката организација (AFA) одговориле на тоа “заеби ти тоа” и организирале концерт за нас. Floyd во тоа време беше на гитара и ова му беше прва и единствена свирка со нас. Како подршка дојдоа и Stage Bottles (германски скинхед бенд). Тоа веќе беше на врвот, без никакви проблеми, како да беше 1981 година. Тоа беше една од нашите најдобри свирки, а Combat 18 беше невидлив што нас воопшто не не изненади. Луѓето можеа да не видат 1998 г. повторно заедно со нашиот нов тапанар Yan. Тогаш и нешто снимивме, но и од тогаш не не забележавме нешто ново.Сега е 2004 и повторно сме на проба. Во последниот состав и понатаму сум јас и Dom, Floyd, а тука е и Tony Kizmus (ex Societys Rejects) на тапани. Ако се се одвива по планот ќе свириме на еден фестивал покасно во текот на годината.



Oi! 3 дел - Острината на SHARP-от

Ноември 1988 година јас и Педи Суид се качивме на авион и се упативме кон Њујорк. Пред тоа се договорив со Rob Hingleys (The Toasters) да се сместиме кај него. Бидејќи преспавме кај него,се упатив накај Andrea (The Press). Нажалост тој неможеше да не прими така да вториот и трет ден ги поминавме кај The Radicts. Четвртиот ден веке ми недостигаше мојот дом така да се вративме назад. Во секој случај кога дојдовме во Њујорк успеав да земам од првите флаери од њујоршката SHARP екипа.

Мислев дека тоа е сјајна идеја да го проширам тој назив(SHARP) низ светот. Набрзо по моето враќање се одржуваше дводневен ска фестивал на којшто преовладуваше музиката на Laurel Aitken и многу други бендови. Имав многу беџови,флаери и други реквизити со SHARP логото коишто заедно со Suede ги делевме на самиот концерт. Скинхеди од целата земја и пишуваа на њујоршката SHARP екипа како и да основаат локални групи и после година дена го примија на глобалните размери, а останатото е веќе историја.



Личниот поглед кон SHARP.

“Скинхеди Против Расни Предрасуди”-SHARP. Се е така едноставно!
Ако сте скинхед и противник на расизмот, тогаш по дефиниција сте SHARP. Било да носите прешивка или не, тоа и не е битно. Било да стоите во анти-расистичкиот фронт или не, причина која ве подсетува на тоа да и понатаму бидете SHARP скинхед е вашето противење на расизмот.

Зошто треба да се извинува поради она што расистичките скинхеди го говорат и прават? Повторно едноставен одговор - и не треба! Но немој да се жалите кога нема свирки, а останатите скинхеди во вашиот град и понатаму дркаат на хитлер.SHARP не е оправдување, тоа е отворено декларирање и изнесување на вашите идеи. Ние стоиме цврсто и гордо, а каде стоите вие?

“Држете ја политиката подалеку од тоа!”
За ова во потполност се сложувам. Да бидеме искрени, оние кои имаат внесено политика во скинхед културата се нацисти-фашисти плазноглавци. Спрема тоа ако сакате да се борите против политизација на скинхед движењето, борете се против нацистичко-фашистичките скинхеди. Тие со години имаат мочано на скинхед културата, а SHARP постои од причина за тоа што сакаме да ги сочуваме вредностите такви какви што се во оргинално значење на тоа што всушност значи да се биде скинхед.

“Вие сте причина што скинхед движењето се раздвои”.
Кога се појави SHARP, очекував плукање од страна на нацистите. Она што не го очекував е плукањето од страна на “аполитичките скинхеди”. Она што можам да го забележам е тоа што многу луѓе ја користат “аполитичноста” како изговор. Ако не сакате да учествувате во ова тогаш OK, но немојте да не плукате затоа што го возвраќаме ударот со иста мера. Што се однесува на причината за разделувањето на скинхед движењето, тука сте потполно во право! Разлики треба да постојат помеѓу скинхедите и празноглавците (фашисти и нацисти).

За среќа сите денеска ја знаат историјата на скинхед движењето. Од раните шеесети па се до денес. Од Руди од Јамајка па се до британските модови ние сме вклучени во културата на работничката класа која се шири низ светот.

STAY TRUE TO YOUR CULTURE,REMEMBER YOUR ROOTS
IF YOU AIN’T GOT A BOTTLE,JUST HANG UP YOUR BOOTS

FUCK FASCISM BEFORE IT FUCKS YOU!

ОСТАНИ ВИСТИНСКИ НА ТВОЈАТА КУЛТУРА,СЕТИ СЕ НА СВОИТЕ КОРЕНИ !
И АКО НЕМАШ ШИШЕ, САМО ПОДИГНИ ГИ СВОИТЕ ЧИЗМИ

ЗАЕБИ ГО ФАШИЗМОТ ПРЕД ТОЈ ДА ТЕ ЗАЕБЕ!




Оi! 4 дел - Oi!/Ska изданија

Бидејќи бендот се распaдна 1984 година одлучив сам да издадам Оi! Плоча. Во тоа време неможеше да помислиш на Оi! а да не те третираат како расист во музичките списанија. Skrewdriver и останатите дркаџии на белиот звук стануваа се полоши. Со тоа одлучив да им покажам на луѓето како Oi! нема никаква врска со фашизмот. Можев своето издание да го наречам обичен streetpunk и животот би ми бил полесен, но како што веке нагласив, бев над се тоа за да би ја докажувал поентата.

Направив едно музичко издание и низ неколку недели реков ‘Oi!’ бендовите го сакаа тоа. Ни црвени а ни расисти и така демо изданието почна да се креира, а писма доаѓаа од сите страни. Прво остварување беше 'Bricks,Blood'n'Guts (1985) од страна на Complete Control. Ова беше првиот бенд на Matty Blagg (R.I.P.) којшто покасно ги оформи The Blaggers / Blaggers I.T.A. Покасно соработував на нивното издание кое беше деби албум ''On Yer Toez''. Некој од бендовите кои учествуваа на тоа издание беа: Oi!Polloi, Vicious Rumours, The Magnificent, Barbed Wire Last Rough Cause, Societys Rejects, The Press, The Radicts, Abnormal, Last Stand, The Glory, Winstone and the Churchills и The Oppressed. The Feckin Ejits исто така се појави на изданието This is Oi!.

Тука имаше неколку грешки па морав да тргнам еден или два бенда коишто не ги сакав. Луѓето мора да сватат дека бендовите што ги одстранив беа нови, без никаков снимен материјал, спрема тоа кога еден бенд ми каже дека е против расизмот, а песните се снимени без ништо прикриено морав да ги прифатам без приговор. Гледајки наназад горд сум на некои бендови кои имаат пројдено низ моето издание поготово Matty и неговата бригада. Тоа беа антифашисти во сржта!

Ska Records соработуваше со американските ска бендови како The Toasters и Bim Skala Bim. Ska достигна LP јa и 2 EP-ја од кои еден беше RUDE BOY SHUFFLE EP од стана на мојот ска бенд Rude Boys. Кон крајот на осумдесетите работата почна да оди лошо, а Jayne беше трудна и требаше да го роди мојот син Paul. Поради сето тоа решив да прекинам со работа.

Mark Brennan не престана да се занимава со Оi! звукот изработувајки Captan Oi! Изданија кои траат се до денес.

''Oi! working class protest nothing more,nothing less!''

“Ои! протест на работничката класа ништо повеке,ништо помалку!”

No comments:

Post a Comment