Прв Ред се Oi!-Street Punk бенд, или они повеќе како што сакаат да се наречат Hooligan Rock'n'Roll, кои се оформени 2010-та година во Пробиштип. Интервјуто е правено со нивниот гитарист и придружен вокал, Даци.
1. За почеток еден мал опис на бендот, почетоците, членови и слично…
- ПРВ РЕД е Oi! бенд (хулигански рокенрол) од Пробиштип (Македонија) оформен во Септември 2010 година, од четири момци, од кој двајца се членови на Skinhead Oi! бендот Крпен Живот од Пробиштип, кој скоро цел живот се заедно, родени иста година (1985).
Идејата за бендот потекнува од бетонската трибина на градскиот стадион на ФК Рудар, трибина на која со големо задоволство ја поминуваме секоја недела, бодрејќи го ФК Рудар. Инаку, некаде во почетокот на Септември, малку затајавме со нашата навивачка група, поради големо незадоволство од луѓето кој го водат клубот, но и поради некои квази навивачи, кои се само јаки на зборови а ги нема на дело. Така да, решивме нашиот бунт против сите овие работи, да го пренесеме и надвор од нашата трибина, и да го шириме колку што е можно подалеку.
До сега немаме ниту една свирка зад нас, ниту ништо снимано, но се надеваме во блиска иднина на првата свирка и првото демо.
Членови:
* Џуниор - вокал
* Даци - гитара / вокал
* Давор - бас
* Кокси - тапани
Членови:
* Џуниор - вокал
* Даци - гитара / вокал
* Давор - бас
* Кокси - тапани
2. Дали некои од членовите на бендот свират и во други бендови и во кои?
- Како што веќе напоменав во првото прашање, гитаристот Даци и тапанарот Кокси свират во локалниот Ои! бенд “Крпен Живот”, додека тројца членови од Прв Ред, без вокалот, имаат неколку студиски проекти, но ништо не е сериозно, само по некоја проба од време на време, и толку.
3. Hooligan Rock'n'Roll е нешто ново за нашава "сцена", како дојдовте до идејата за ваков тип на музика? Кои бендови ве инспирираа да почнете да свирите ваков тип на музика?
- Hooligan Rock'n'Roll, или на нашки “хулигански рокенрол”, e само опис на музиката или стилот што го свириме, тоа значи дека текстовите ни се претежно за фудбал, и се што е поврзано околу фудбалот, т.е. нашата екипа, итн.
Што се однесува до влијанието на звукот на Прв Ред, можам да кажам дека најразлични бендови од најразлични стилови ни влијаат, почнувајќи од Oi! / punk-rock бендовите како: Cock Sparrer, Cockney Rejects, the Business, Infa Riot, Ramones и некој други, па малку влијание и од hardcore бендовите: Agnostic Front, Warzone, Iron Cross, Slapshot, но и од некој hard rock бендови како: Motorhead, AC/DC, Rose Tattoo и нашите Чоканче.
4. Освен со музика и свирење, со што друго се занимаваат членовите на бендот, работа, школо…?
- Тројца членови од бендот работат т.е. Кокси моментелно одмара поради повреда на работно место, а басистот Давор се занимава со "професионално" онлајн играње на покер, и на тој начин печали пари. хехе
5. Кои ви се омилени бендови од Македонската и странската сцена?
- Од македонските бендови сите членови едногласно се согласуваме дека Чоканче се најдобриот македонски рокенрол бенд, а јас лично како добри наши Oi! / punk бендови ќе ги напоменам: Крпен Живот (хехе), Растур Систем, Лоши Деца, В.Е.П Дружината, Комунална Хигена, Млади Атентатори (млад ои! / панк бенд од Пробиштип), а од странските бендови, моментално овие денови слушам само холандски и белгиски бендови како: Badlands, Discharger, Discipline, Soultamer, Hardsell, најдобрите Kill Baby, Kill! и други.
Кокси нема омилени бендови, има само еден омилен бенд, а тоа е The Who.
Џуниор ги слуша највеќе: Крпен Живот, No Name Nation, Лоши Деца од нашите, а од странските Cock Sparrer, Oxymoron, The Last Resort…
Давор не е многу по музиката, бидејќи нема време поради покерот да слуша музика хахаха, но негов најомилен бенд на сите времиња е Ramones.
6. Што мислите за Македонската Oi!-Punk сцена, зашто е толку бедна и бендовите од свирење по гаражи (проби) и некоја локална свирка од 1-2 годишно ништо не прават повеќе? Каква е вашата идеја за кревање на нивото на нашата сцена?
- Незнам ни јас зошто бендовите несакаат себеси да се промовираат преку изданија или свирки, но вака заглавени по гаражи не прават ништо за подобрување на сцената. Срамота е да немаме ниту 10-ина квалитетни Oi! / punk-rock бендови во Македонија. Фалат свирки, но не само во Скопје, фалат добри свирки низ целата земја, да се промовираат и бендовите од Скопје низ Македонија, и бендовите од другите градови низ цела Македонија.
7. Назад за бендот. Има ли бендот некоја официјална страна и може ли некаде да се случне вашиот звук и луѓето да се запознаат повеќе со вашата музика и да видат што поточно значи Hooligan Rock'n'Roll?
- Имаме страна на Myspace и на Facebook, но освен 2 песни (снимани на првата проба), на кои снимката е ептен лоша, немаме ништо друго, засега, но веќе за 2-3 недели ќе се потрудиме да снимаме подобро демо или можеби и Е.P.
8. За што конкретно се пее во вашите песни, дали имате политички текстови?
- Политички текстови немаме, имаме само еден за влијанието на политичките партии врз работникот, а во другите пееме за љубовта кон родниот град, за екипата, за животот, за фудбалот (најголем дел од песните за поврзани околу фудбалот), исто така имаме и еден текст за сите кои се отргнале од панкот поради дрогата, за алкохолот (поточно за влијанието од алкохолот) хаха…
9. Досега сте немале ниту една свирка, дали планирате да свирите низ Македонија, а можеби и пошироко? Со кои бендови би сакале да ја делите сцената?
- Моментално немаме свирки, бидејќи како нов бенд сеуште работиме на звукот на бендот, песни има спремно, но ќе почекаме уште малку за да вокалот поработи на пеењето, бидејќи никогаш порано не е бил во бенд, мора малку да поработиме на тој дел.
10. Имате ли план во блиска иднина да издадете албум? Мислам дека на нашава сцена му фали еден ваков бенд, па затоа што побрзо работете на издавање на албум.
- Доколку се оди како што планираме, а тоа значи да се извежбаат песните, и да се направи бар една или две свирки, можеби веќе на пролет или на лето ќе го снимиме целиот материјал што го имаме до сега.
11. Малку за фудбал. Со оглед на тоа дека свирите Hooligan Rock'n'Roll и доаѓате од Пробиштип, што значи автоматски го симпатизирате Ф.К. Рудар, какво е вашето мислење за фудбалската мафија (ФФМ) и навивачката сцена во Македонија? Во која лига игра Ф.К. Рудар и дали одите да го гледате својот миленик на стадион?
- Навивачката сцена во Македонија е БЕДНА и СРАМНА, исто како и Oi! punk сцената. ФФМ си го праат своето, го уништуваат фудбалот во Македонија на секој можен начин, а паралелно со тоа и ја уништуваат навивачката сцена, која веќе и така почна да тони пред многу години.
Рудар веќе многу одамна е во Трета лига – Исток, и не верувам дека во блиска иднина ќе се смени нешто, бидејќи нема кој да го води клубот напред. Ние како негови навивачи скоро секоја утакмица сме со него и го бодриме, но сето тоа се сведува само на добра забава, ништо сериозно повеќе, кога веќе знаеме дека сите шанси за подобро се потонати.
12. Некоја порака за крај…
- Сите оние што имаат бенд, нека не седат само по гаражи и да се пијанчат на проби, има време и за пијанчење, но најпрвин доколку стварно сакате да кажете нешто преку вашата музика, излезете од гаража, промовирајте се на секој можен начин, направете нешто добро за нашата сцена.
А до сите други на кој фудбалот им е најбитната работа или барем викаат дека е така, направете разлика од симпатизер и навивач, и секако најбитното… НАВИВАЈТЕ ЗА ВАШИОТ ЛОКАЛЕН ФУДБАЛСКИ КЛУБ!
п.с. – Да живее ФК Рудар и Македонија!
No comments:
Post a Comment