Warnament е оформен во 2007 година од страна на Дејан Станојевиќ и Јовица Велјановски. Зедничкиот интерес за Трешот ги наведе да формираат бенд со кој ќе ги остварат своите музички претензии. Ги врбуваа и Чаки како главен вокал и Даци на бас. Кога конечно почнаа да креират своја музика, Даци доброволно го напушти бендот. Warnament продолжи со креирање на авторски материјал, што резултираше со нивната прва песна „War For Your Name“. Првата свирка на бендот се случи на МКЦ Фестивалот на Кеј, со двајца сесијски членови (Владе на тапани и Станоја на бас).
По фестивалот, бендот се соочи со отцепување на уште еден член, Јоцо, кој мораше да го напушти бендот поради лични причини, со што останаа само двајца фул-тајм членови. Во тој период беше завршена и втората песна на бендот, насловена „Slow And Painful Death“. Поставата брзо се менување, и конечно со доаѓањето на Борис Ѓеровски (Гитара) и Велибор Најдовски (Тапани), бендот почна посериозно да работи на своето прво демо издание. Демото „Executional Order“ излезе на 1 септември, а беше проследено и со доаѓањето на Станоја како траен член, со што Warnament конечно располагаше со целокупната постава.
Warnament почна со промоцијата на „Executional Order“ и беа продадени задоволителен број на копии. Симултано, се случуваа и повеќе свирки, од кој најприн за 5-годишнината на МкМетал форумот во клубот Кастро, свирки во Вулкан, како и настапи на фестивалот „Оди Вежбај“. Во меѓувреме се случија некои недоразбирања со вокалот Чаки, со што Борис ја зазеде и позицијата на вокал, а оваа постава на Warnament е непроменета до денес.
Следен чекор беше снимањето на дополнителен, по сериозен материјал, од кој само една нова песна „Ground Control“ и уште две преснимени песни од демото кој беа ставени на сплит изданието со финскиот Треш состав „Chaos Creation“, под наслов „Arrows Of Agony“ (2009). Беа издадени 300 копии на ЦД-р, а потоа следуваа и реизданија од издавачките куќи „Akne“ Productions (500 изданија на касета) и „Stay Pure“ DIY (150 копии на ЦД-р).
Нови песни беа составувани и снимени, па нов сплит со српските спидери „Deadly Mosh“ беше издаден, повторно, од „Stay Pure“ DIY, на касета и ЦД-р. Warnament споделија четири нови песни на „Labeled To Confront“ (2010), името на овој сплит.
Подоцна, стигна и понуда за издавање на првиот албум од страна на две, кооперативни, издавачки куќи од Русија, „Atomic Carnage“ и „Wings Of Destruction“ Records. Албумот е издаден во 500 копии и се дистрибуира насекаде во светот. Насловен е „Where Home Is Found“ и го симболизира, неподносливото (грубо речено) место, кое ние го нарекуваме дом... Касетно издание од ова парче може да се најде преку француската издавачка куќа „Ortsid Latem“ Productions. Бендот сеуште работи и твори, чека нови шанси да ги искористи, како и живи свирки каде би ја искажал својата енергија на дело.
Контакт: warnamentmk@yahoo.com за свирки или било каква друга соработка!!!
Track list:
1. Ground Control
2. Slow and Painful Death
3. Disturbing the Peace
4. Hollow of the Innocent Victims
5. Life Consequences
6. Alarm
7. Violator
8. Game Over
No comments:
Post a Comment