Промоција на првиот албум на Контра - "До кога вака?''
Ги покануваме сите наши најблиски, другари, другарки, пријатели,
роднини, патриоти, неистомисленици како и цела контра банда, на
промоцијата на нашиот првенец на 7-ми декември, во кафичот „Африка“ -
Лептокарија.
Албумот содржи 10 поединечни песни, кои заедно се вклопуваат во една приказна насловена како „До кога вака?“
Цдеата промотивно ќе се продаваат по симболична цена од 200 денари.
Инаку, Контра е Ои!-Панк бенд од Скопје. Формиран е во првата половина на 2010 година и зад нас имаме неколку настапи во земјава!
„Секогаш сме контра банда, жедна за удар и жедна за правда, секогаш во првиот ред, со нашите луѓе полни со гнев!“ - Контра
Здраво пријателе,одамна се немаме читано.Сакав да те замолам,ако можеш да ставиш листа на песни од Контра,па и јас кај мене да ги промовирам.Поздрав,пријателе!
ReplyDeleteCD-то ќе биде во продажба од 07.12., па ако се сложи бендот да се пушти и за free download, ќе го поставам на блогот.
DeleteИнаку, лисата на песни не ја знам како оди. Ќе ти ги пратам кога ќе го земам CD-то. Поздрав.
Prost! :)
Фала на информацијата,пријателе,прав другар си,алал вера. Чекам.И нормално за тоа време цврцкам.На џдравје!
ReplyDelete