Tuesday, March 9, 2010

Санаториум



Санаториум е македонски треш метал бенд оформен во Скопје, 1987 година. На почетокот настапуваат во малите клубови и гаражи низ градот, за потоа да направат пауза до 1990 година заради заминување на членовите на бендот во војска. По завршувањето на обврските, започнуваат сериозно да работат на музичко поле, подготвувајќи музика, текстови, аранжмани, сценски настапи и сл. За кратко време, САНАТОРИУМ успеваат да го привлечат вниманието на публиката и критиката. Тоа е поводот да бидат поканети на најголемиот метал фестивал во Југославија, HARD METAL (Нови Сад 1991 и Белград 1992 година) каде добиваат повеќе понуди за снимање на нивниот деби албум, но за жал тоа не го реализираат заради распаѓањето на Југославија. Конечно, во 1992 година САНАТОРИУМ влегуваат во студиото на Македонската Радио Телевизија и го снимаат својот деби албум, но заради несогласување со издавачот, албумот го снимаат на македонски јазик, а не на англиски како што сакаат тие.
После издавањето на албумот "На работ на разумот", тргнуваат на турнеја низ Балканот и соседните земји, од каде произлегува и вториот снимен материјал наречен "Live in Hungary", како и видео од истиот настап. Во 1996 година го реализираат третиот албум наречен "No more", комплетно испеан на англиски јазик, освен бонус песната која е на македонски. После издавањето на албумот престојат низа концерти низ Европа. Албумот е тематски базиран на протест поради военото лудило што ги зафати екс-југословенските простори. Четворицата членови се појавуваат како комплетни автори на материјалот.
Деби албумот "На работ на разумот" е снимен и миксуван во М-2 студиото на МРТВ во периодот април-ноември 1992. Вториот материјал "Live in Hungary" е сниман во Сегедин, Унгарија во декември 1992 година. Третиот албум "No More" е сниман и миксуван во City Sound Studio во Скопје, од ноември 1995 до април 1996 година. Во август 2000 година, по подолга пауза САНАТОРИУМ настапуваат на фестивалот METAL 2000 во Софија, Бугарија заедно со легендите Motorhead. Забележителен настап имаат и на фестивалот Таксират 2 на 25.11.2000 година. На 16.6.2001 го промовираат своето ново CD кое го содржи комплетниот материјал од првиот албум "На работ на разумот" дополнет со две нови песни, снимени во студиото на Дарко Димитров, како и три концертни снимки.
Потоа следат настапите за промоција на албумот низ градовите во Македонија, како и концертите со Slayer и Halford во Софија, Бугарија и со Soulfly во Белград, Србија.



 

 1.Intro
2.Comfort Coffin
3.Ultra Speed
4.Sanatorium
5.Hell Master
6.Grad
7.Brain Surgery
8.Thirsty for Dying
9.Instrumental



1. Сенка на смртта
2. Без разум и свест
3. Ultra Speed
4. Операција на мозокот
5. Удобен ковчег
6. Епидемија на омраза
7. Деспот на адот
8. Град
9. Санаториум
10. Муиротанас

1 comment:

  1. Pozdrav.može li reuplod link: Sanatorium -demo I i Orion-demo I i II.Živio!

    ReplyDelete