Monday, March 22, 2010

**Мала кратка приказна на долгиот живот на еден човек**

Мала кратка приказна на долгиот живот на еден човек.(Истата ја објаснува смислата на животот)

И тогаш Господ рече- Нека биде светлина!
Одеднаш се слушна еден подлабок глас- Господине немате платено 4 сметки за струја!
-Fuck! Па што ме мислиш ти лесно е да бидеш бог?Ни боговите не земаат редовна плата! Fuck iti!
И така лесно едноставно , ги облече новите Адидас патики (купени од St.Orka , со божји попуст од 120% со можност на наплата со сите платежни средства освен трампа.)
Се слушна како голем дебел задник се сместува на пердувесто-мека фотелја.И одеднаш БИИИП копчето за рингање на телефон.
-Дева Секретарке, ќе може ли едно утринско кафе без шеќер?
-Може може сакате ли со ладно или со топло млеко?
-Дај стај го какво сака нека е,малку подгреано ајде.
-Сакате во голема шолја или во филџан?
-Бре во тенџере не можеш ли да го донесеш?Дај у филџан ајде...
-Добро, а сакате филџанот да биде со приказ од рајот, со слика од Рембрант,Пикасо,Ван Гог...?
-Човеку стај го во што сака нека биде,само нека е кафе,аман ете со Пикасо нека е!
-А сакате ли сликата на пикасо да биде во акварел техника,масло,туш..?!!
-Fuck! Не ми требаш повеќе! Сам ќе си сварам и кафе,и ќе си најдам филџан, и слика и пенкало!
-А за што ќе ви е пенкало господине?
-Да ти потпишам отказно решение, не ми требаш веќе, ајт отпуштена си од секретарка!
- Ама ќе ти го е*** мамичето у г**, кој к*** ти е, ТИИИИИИИИИИТ, блаблаблабла
(5 минутни пцовки)

Седнувајќи на фотелјата, забележа неколку писма оставени на катедрата. За мене ли се?-Се прашуваше самиот, а одеднаш гласот од потсвеста му рече- Па види од позади на писмото ебате шупак.
А позади стоеше
Од – Мене
До – Тебе
За мене се! O yeah fuck da! Некој ми пратил писмо а само што го отвори се разочара!
Дневен Хороскоп-
Здравје- Малку поткашлувате.Не се плашете, денес девојките се палат на машки што се накашлуваат убаво.
Љубов- Многу сакате да гледате Телевизија.И таа ве сака вас.
Секс-Манчестер те еба вчера (2-1)
Друштво-Другарите ќе ве викнат да играте фудбал.
Училиште-Утре има испрашување, разболете се.
Пари-Мислам дека уште нешто тропка во вашиот лев џеб од палотото....
-Fuck!Само да се лажело бре, kapitalista е и овој астрологот!
И така корпата се збогати со уште едно ливче хартија.За кратко време се слушна тропкање на вратата.
-Де бре ја искрши вратата! Имаш звонче! Ај влегувај уствари...
-Здраво! Рече типката.
-Ако ти е тебе здраво мене ми е скинато,рече покажувајќи на патентот од фармерките.
-Хаха многу духовито, од каде ви текна ова?
-Бре госпоѓо, па јас сум Бог, мора да знаам се.Туку дај што имаш да кажиш?
-Вака,штотуку добивме извештај од нашите новинари, шпиуни, и репортери, дека употребата на производот на нашата фирма е значително намалена и опадната во последниве неколку векови, и тоа по следниов дијаграм,како што интелегенцијата на луѓето расте,така нашиот бизнис опаѓа.Мораме нешто итно да превземеме воопшто ако сакаме да останиме компанија затоа што..
-Што? Опаднал? Да не пушеше темјан случајно?
Ова не е можно! Па како е тоа можно,ќе добијам отказ!
-Господине..
-Нема господине, сеа седи и убаво да ми објасниш што се дешава овде, на мајчин јазик,во present simple tense,Јас сум тотално изгубен така да ти ќе ми објасниш уште еднаш што се случува.
- Вака Нашата фирма,Христијанство,во последните неколку векови, а значително во 21-от се здобија со потешкотии во бизнисот. Употребата на христијанството во 21 век е толку мала,што веќе не се ни употребува во некои земји,а значително се намалува по некоја парапсихолошка појава,правопропорционално со зголемувањето на интелегенцијата на луѓето, опаѓа употребата на христијанството.Воедно, имаме моментално и голема конкуренција, вашата бивша жена регистрира фирма пред некој век со нејзини следбеници КАТОЛИЦИ, се појави уште еден млад бизнисмен МУХАМЕД, кој на пазарот се покажа добар и неговата религија ја користат повеќе од 40 проценти во светот,вашиот другар од детството,а сегашен непријател ЛУЦИФЕР,се здружил со таканаречените Black Metalheads, и воедно и неговата религија е во употреба.Кратко кажано фирмава ни пропаѓа човече!
-What the fuck? Не е можно ова...стварно не е можно...дај ми малце време да средам нешто..
И така господинот Анонимен,почна да си ја мазни брадата,кога низ прозорот слушна еден глас кој викаше- Ајмо народе повелете,тоалетна салфетка,сунгер сапун ЖИЛЕТИ за сечија брада....
-Брее кој го пуштил во рајот овој ? Си помисли типот и ја подаде главата на прозорец..
-Еј ти, ало еј ти со тоалетната...да да, ти бре, со искинатите тренерки....Не ти , тој до него...Не бре тој , Од лева страна ...Прв од лево, последен од десно. Тој со искинатите патики адидас...не бре ти, ти носиш чевли,
абе ти со искинатите патики и количката....госпоѓо не викам по вас и вашето мало бебе,Ти бре црниот со искинати патики,не не сум расиста само ве разликувам по колоритот,Ти бре со лошата фризура,количката,полна со ѓубре,не ти викам тебе бре збирај си старо железо слободно, Еееее тебе ти со парталите во неа со тоалетната...дојди малце по наваму..
Дојди бре не се плаши...е тука...
-Повелете господине, имамо товалет папир за сечиј гз, само ќе ве молам да ви земам мера на вашиот гз и ќе ви дадам точен број на тоалетна...
-Не ми треба бре тоалетна, дај ми еден брич
-Ауу господине колкави влакни си нараснил, а да ти дадам една косилка за трева? Много евтино и попуст за вас?
-Дај ми бре еден брич човече неее го тупи!
-Еве господине повелете многу добри.Од германија сум ги носел овие....
-Колку кошта?
-Пет милјарди бе брат!
-Пет милјарди? За толку цела фабрика за жилети ќе ја купам ало бе еееејј!!!!
-Де бе господине се праиш циција за еден брич? ама знајш како ќе те избричи,као гз од 3 месечно бебе ќе ти биде кожата после...
-Ајде земај и крши глава....
Пффф....пет милјарди, туку ај и онака беа фалсификат..,
И така господинот анонимен продолжи да си ја мазни брадата ја дигна слушалката,заврте еден број...и слушна:

-Го добивте поштенското сандаче на Алах.Моментално е на Џихад и не е во можност да одговори на вашиот повик.
За да оставите порака, притиснете 1. За да се приклучите на Џихад, притиснете 2. За да пцуете близок род,спуштете ја слушалката, и притиснете 3. За да се вратите на главното мени, притиснете 4....

Fuck! И овој најде сеа во Џихад да иде?

А потое сврти уште еден број....и слушна од другата страна на телефонот:

-Здраво маче,осеќам дека сакаш да ме обработиш и преку телефон, твојот милозвучен глас толку ме пали, веќе сум влажна..
- Госпоѓо не сум јас од Водовод а ако имате проблеми со влагата проверете ја чешмата. Ми треба Луцифер,сатаната тука е?
А одеднаш се слушна:
Немате доволно кредит за да го завршите разговорот.Ве молиме притиснете 1 за да ја надополните вашата сметка.......

Брее да не можи човек да се јави на ниедно место коа ти треба.Па и што им стана на луѓето што не користат повеќе христијанство?
Најубавиот ChristianDows Pro Packet штотуку излезе и пак не го користат.

И така Анонимниот господин се зафати со неговата Работа која се состоеше од креирање христијани, запишување гревови,бришење,и што уште не.
На почетокот седна на неговиот компјутер,отвори Yahoo Mail, влезе на MSN,но после 7 обид успеа да го отвори месенџерот и да влези.
A тогаш:

Alah just send u a NUDGE!! Alah just send u a NUDGE!!

The Christian God says:
Де брееее, земјотрес направи човече!

Alah says:
Слушам си ме барал нешто преѓе...не бев тука на Џихад малце заминав од разонода...

The Christian God says:
Aбе види вака имам еден важен муабет со тебе ептен важен.
Имаш слушалици, и камера да се чуеме?

Alah says:
Еј кај најде сеа бре не ми чини фризурата, чекај да ја наместам малце.
А и звучам на стар петел многу пеев на Џихад..

The Christian God says:
Човеку итно ми е пушти веќе еднаш аман...

The Christian God just send u NUDGE!
The Christian God send u a Trouble Nudge!!


Alah says:
Eве еве сега само уште шишките да ги средам малу..ееете така..таман е

Alah wants to start a video call with you

Answer Video Call____Decline video Call

The Christian God says:
Еј ништо не гледам бе дај сврти ја камерата...ее тука малце лево,да да, нагоре малку...
Пак ништо не гледам! Бреее...ајде стави ги и слушалките да се слушниме веќе....

Alah says:
Мислам дека треба малце да ја забришам од прашината чекај секунда..

The Christian God says:
Fuck!

Аlah Says:
Ме гледаш сега?!!

The Christian God says:
И те слушам дури.......Аиии, што си напраил бе? Што си таков? Што ти е тоа на главата?

Alah says:
Аааа, мислиш на фризурата. Па тоа ти е модерно сега се вика ЕМО фризура
Знаеш, плачиш ако те остаи женскати, се убиваш по 2 часа заш те оставила и такво срање.
Туку што ме бараше?

The Christian God says:
Абе види вака да му ебам белјата, нешо многу голема конкуренција ми праиш.Да не може едно христијанче да се роди као што треба
се нешто праиш заебанции,се ја мешаш религијата,дај некако да се договориме бизнисов да го тераме и за мене и за тебе да одговара...

Аlah says:
Е што да праам не е до мене,тоа си го одбираат луѓето, сеа не можам јас да намалам бизнисот за ти да имаш промет.

The Christian God says:
Чекај бе булјаш иам идеја сеа слушај вака.Го гледаш типов на сликава?

Alah says:
Која слика?

The Christian God says:
Оваа бре на Display Picture на мсн што ми е ставена.

Alah says:
Чекај бе ништо не гледам,аее мн е мало, ситно ептен е....
Не не се забележува као што треба

The Christian God says:
Брее човеку,што графика имаш бре?Дај ќе ти ја испратам сликата

-------------
___ |
| () ()| |
\ = / |
------- |
/ | \ |
| |
| |
/ \ |
-------------
(Целе) 21 kb
Accept Decline

(Sending Complete)

Alah Says:
Е го видов, ептен ружен е.

The Christian God says:
Абе заеби што е ружен туку има карактер.Е сеа ќе ти викав, дечково е продавач на ветар и магла за мојава фирма.
Иде по цркви, иде на собири, брка бизнис, им продава христијанство на христијаните, килограм христијанство 300 денари.
Е сеа разбрав кај тебе дека иделе скоро сите да купат муслиманство зш си го продавал по 299 денари оти им било поевтино.

Alah Says:
Точно, сеа имаме сезонски попуст и на сунет куриња, да не сакаш едно?

The Christian God says:
У гз ќе ти го напикам!

The Christian God just send a NUDGE!

Alah says:
Еееееее?

The Christian God says:
Е па велам, да бидиме и јас и ти еднакви, да му даваш на типот ти , да продава муслиманство, воедно и за мене христијанство,и онака му оди бизнисот со продавање на ветер и магла, пази завршил за политичар.
Да продава муслиманство и христијанство по 300 денари а парите да ги делиме по пола. Вака и ти ќе имаш бизнис и јас ќе си го вратам бизнисот стар 2000 години.Нема смисла вака само од кај тебе сите земаат а кај мене паѓа бизнисот,,.

Alah says:
Абе друже оти кај мене никој не се пожалил? Еве алах што сум, им даам на луѓево муслиманство а за поклон дури пениси сечат луѓево, па бркам бизнис и од тоа,болници, касапници ми откупуваат....а кај тебе што сакаш да ти иде бизнисот? Им даваш дискотеки, односно цркви од камен направени,осветлување 2-3 дебели свеќи, глеам пред некој ден те нацртале на ѕидот на црквата,на иконите носот ти беше малце накриво, брадата неубава,косата мрсна ти изгледаше,наместо да се насмевнеш на слика ти си се изнервирал си напраил сурат небаре си изгубил на Counter Strike.И коа сме кај Counter Strike,не се чуди зошто христијанчињата губат, јас секој ден моите ги вежбам во Џихад. Плус кај тебе ги учиш да мирисаат цвеќиња по ливадите......

The Christian God says:
Fuck!

Alah Says:
Така е муабетот бе, а кај мене глеаш и сунет праат и после сунетот го дилам на секаде, а кај тебе што е она Свеќи само палат луѓето,дај не биди Циција пушти им малце струја, дај им можност да се изјаснат, внеси малце ентузијазам во музиката, само ВОКАЛИ имаш во црно као блек металци , додај им некој инструмент,на поповите гитара, бас, тапани...поинтересно ќе биде..


The Christian God says:
Абе види вака јас мојава работа си ја бркам едно 2000 години уназад,што кур ти ми се мешаш сеа? Пред 2000 години им одговараше на луѓето да користат христијанство оти сеа да не им одговара ?Ќе им одговара како и да е..туку кажи ми ти едно и сигурно, ти одговара да праиме бизнис заедно? 50-50 делиме парите!??

Alah says:
Не бе дај не ме заебавај таман ми е вака терај си маткај си убо е све.
Ако сакаш да ти испратам една песна дури сме на месенџер арно ако не ај имам работа сеа...

The Christian God says:
Fuck!

Video Call was ended

Alah is now offline

-Ништо не го бива вака, туку јас да идам малку на земјата, да проверам што се случува со христијаниве....
И така Господ замина со својот Mercedes E-Class Benzinec на земјата да прави чуда и чудовишта, и да ги врати христијаните на вистинскиот пат....

-Fuck! Сеа најде црвено да биде бре? Бреее и ова семафорите...у курац да идат...

Штотуку пристигна на земјата, одеднаш некој му рече:
-Лична Карта,Пасош и виза?
-Знајш ти кој сум јас бе?Како смееш да ми бараш мене пасош и лична карта...
-Хмммм....ауу ми текна ти си од телевизија бе?
-Која телевизија бре,јас сум создателот на целата земја, целото човештво овде
-Да не си дувал случајно? Ај излези од колата да те проверам,ајде излагај..
Стој на една нога
-Абе ти ме зезаш мене?Јас сум бог, господ на сите вас...
-Абе види вака,ти ако сакаш биди и Џими Хендрикс, стој на една нога и кажи што имаш дувано?
-Ааа ништо го откажав темјанот одамна.Еве ти лична карта да видиш...
-Хмммм не личиш на овој од сликата овој има брада, види па колку е ружен...
-Човече јас сум бре само се избричив брееее......Fuck..
-Ок ајде терај и помалце дувај темјан,трава......и што знам уште што....

Господ штотуку пристигна на земјата во еден поголем град,се преправи во старец со долга брада бела,и излезе на улица и се упати кон неговиот најомилен Локал, дискотека Св.Димитрија. А кога влезе-
-Старче затвораме све се испи овдека иди во Св.Илија таму е слободен влезот..
-Абе не ми треба пиење ало јас сум господ дојдов да ви соопштам новини од Рајот...
-Кои новини бе не ме зезај,син ти беше вчера овде се убаво ни објасни што ќе биде како ќе биде со новиот закон во христијанството...
-Син ми?! Кој син?
-Па колку ги имаш?
-Хммм...чекај...мислиш на оној Христос?
-Да да тој, пред некој ден дојде овде, запали една марихуана и рече наместо темјан да користиме мала доза на марихуана во црквата за побрзо да одлетаме до рајот и да бидеме спасени… знаеш Sex,Drugs and Rock`n`Roll....

И така Господ истрча надвор,го зеде мобилниот и почна да му звони на син му… Исус Кристус

-Ало? Ало? Алоооооооооооооооооооооо?
-Сине кај си бре? Ало ништо не те слушам?
-Грррррррррр....Шшшшшшшш......Сссссссс
-Ало бе кај си збори бре...
-Еј тато ти си бе? Чекај да излезам надвор само...
-Кај се наоѓаш?
-Еве сеа сум моментално Москва,на WoodStock ги глеам металика....Oh fuck yeah Master of Puppets ја свират....
-Каква металика бре нели имаш работа ти , да помагаш по луѓево?
-Па им помагам, ми рекоа, истави ми се од пред очи биди од корист малце...слушај тато абе на Металика сум на WoodStock не можам да доаѓам сеа не ме зезај еднаш се случува ова...
-Море мајмун еден зашо си им дал на Христијаниве да користат марихуана, наместо темјан, знајш дека темјанот е скоро безпари, утре ќе ми бараат марихуана да палат во црквите наместо темјан..
-Ај па ти и онака никој не користи христијанство не ме зезај
-Fuck!

И така бог не знаеше стварно што да прави кога одеднаш му светна една идеја...
Кога не можам да ги соберам јас на едно место, тогаш ќе ги соберат други...
И така испланира да организира концерт на металика за 2 недели,со цел да се собере цела нација и да ги наведе сепак на христијанството.
После долгите подготовки за концертот, конечно решение испадна да ги донесе Metallica,Led Zeppelin,Motorhead, White Snake, и Slayer со цел да се соберат што повеќе и повеќе луѓе.За брзо време се разгласи низ целиот град така сите го чекаа денот. Тој ден веќе и дојде,се собра многу публика, а господ задоволен од добрината на бендовите отиде во Бек-Стејџот и им рече

-Е па добровечер Хеви Металци, јас сум организаторот на оваа манифестација и сакам да ви се заблагодарам што...
- Еј чекај бе ти од Bee Gees не беше? Вокалот? Он имаше нешо коса брада... му744 рече Lemmy од Motorhead.
-Стварно бе и мене ми личиш малце као од Bee Gees...му вика James
- Не не слушајте јас од рајот сум не сум од Bee Gees,иначе јас сум господ бог,и да немате други богови освен мене
-I bellive in Rock`n`Roll , dude..says James
-Тоа е грев чедо мое. Треба да беливаш во мене а не у рокенроул.А сега јас ќе ве напуштам...
поздрав деца.......

-Брее и овој наркоман на ЛСД изгледа е..како не се најде сериозен организатор.

И така господ се упати накај сцената го зеде микрофонот и се обрати накај публиката...

-Ахмм...Хмм...х..х.х..Ахам..ахам....(5 минути накашлување)......
Чеда мои,се собравме овдека...
-Да ги гледаме Fucking Metallica- рече публиката
-Да,ама претходно јас настапувам.......
Некои ме знаете а некои не,повеќето ме знаат на Мирц под никот Veter_i_Magla јас сум господ.Кога сме кај мирцот доколку е тука девојката со nicknameot Slatka^^^^ нека дојде во бек стејџот да се запознаеме.Од сега сакам да ви кажам дека Христијанството има големи измени.Употребата е значително опадната, така да направив некои измени што верувам дека ќе се вратите пак на верата.Од сега божјите заповеди гласат вака

1.Ти си Андергаунд човек и да немаш други врски освен андерграунд.
2.Не прави идоли од комерцијалните срања што вртат на МТV, оние што се на PINK,ниту од тие што ги даваат на Planet.
3.Не го изговарај со д`ткање името на UNDERGROUNDОТ ,ниту со полна уста јадење.
4.Шест дена рокај, мрдни ги од умот комшиите,и сите блиски, а седмиот посвети го на свирки.
5.Почитувај ги постарите бендови.
6.Убивај (комарци мрави муви и турбо фолкери)
7.Не кради туѓи траки.
8.Не лажи (освен кога мораш)
9.Не посакувај ништо што е туѓо (освен она што ти се свиѓа)
10.Не прави прељуба кога се ебеш со металка, а го дркаш на памела андерсон.
11.Љуби го својот ближен,само гледај да не те фатат.

Тоа беа десетте заповеди, се надевам лесно е да се исполнат,и воедно од денес црквите ќе добијат нов дизајн,што на местото каде што се наоѓаат освен природните убавини ќе бидат збогатени со тревник посаден со марихуана, на среде базен во форма на квадрат,со исончани женски во танга, литургијата ќе се одржува навечер,наместо од 6 саат сабалје да станувате рано, воедно наместо со баналното пеење на поповите ќе биде збогатено со Гитара , тапани, бас,и неколку придружнички така да ќе испадне Gothica,што мислам би било многу по привлечно.Наместо познатото делење на леб и вино во црквата, ќе бидете почестени со Таблети и жесток пијалок по ваш избор. Наместо палење свеќи,ќе палите марихуана,а донесовме одлука во црквата после сите постери (икони) од моите другари и другарки да се постават и постери од памела андерсон и некои Плеј-Бој сликици кои се надевам ќе го разубават ентериерот на нашите Дискотеки (цркви).
Но тоа не е се.Доколку станите христијанин во следните 15 минути,ќе добиете бесплатен каталог на најнова бела техника,со рајски квалитет и ќе добиете еден производ од нашата црква бесплатно.
Во црквите ќе биде внесена плазма телевизор,и ќе можете исто така да гледате телевизија, но не обична, не кабловска, туку САТЕЛИТСКА телевизија со 800 канали! Па дали е ова можно? Можно уште кога се согласивме на Литургијата на Велигден да свират МЕТАЛИКА,а ритуалот со Balls Crashing, кршење на јајца, го заменивме со Balls Sucking,односно Јадење на јајца.Нема да ви се верува.Ама единствениот спас се знае дека е Вера...не,не мислев на мојата жена,мислев на верата да верувате во себе и во муабетот што ви го кажав.А сега, христијани мои, Are u Readyyy to ROCK?

-YEAHHHHHHHHHHHHHHHHHHHHHHHHHHHH
-И да ви напоменам, сите што одлучивте да станите христијани , можете да се зачлените во било која црква, воедно и после концертот да се обратите кај мене,можете да добиете и маичка со мојот лик на неа.И месечна членарина за членување во христијанството изнесува 300 денари! Најевтино и најдобро....Повелете....
А сега чест ми е што ќе им го предадам микрофонот на Хеви Метал легендите , Metallica,кои ќе направат Партали околу 2 часа,повели James, микрофонот...

-Не ми треба мама ми прати микрофон за секој случај од дома...
-Добро,тогаш јас ќе си земам за право да го задржам овој микрофон...А сега.РокенРол.!,..:)

(2 Часа свирење на металика..)

-Thats all baby, stay fucking wild, this is fucking metallica..for u...thank u people..fuck you people...Amin. рече James.

-Фала многу Металика, ме развеселивте, ми го напраивте кеифот,ми идеше и оро да заиграм ама не ги знаам овие ора малце чудни ми се.А сега си земам за право да се обратам повторно на нашата мила публика....дека време е за ХевиМетал молитвата.

Друже Ристос Кристос,кој си на бината,
да се наштима гитарата твоја,како на James,така и твојата,
Рифот мој електричен , дај ми го сега и не го тупи,
И свири ми ги најдобрите песни,како на сите свирки,така и на оваа
но избавиме од турбо фолк, и тонска проба.
Аман!

И така бог се обрати кон народот,одеднаш блесна силна светлина,и ликот на старец исчезна,и се појави помлад човек без брада со долга коса и ги рече последните зборови Тоа беше од мене драги мои христијанчиња, а сега морам да ве напуштам, се надевам разбравте кој сум и што сакам.....
И потоа господ исчезна од пред очите на публиката...

-Бре како не сме разбрале кој си, ти си Дејвид Коперфилд, магионичарот! рече публиката и се наврати на концертот,во кој веќе настапуваа Motorhead со Ace of Spades.......

1 comment:

  1. И да се разбереме, ова не е мое дело (само клипот го додадов), не дека се сомнева некој, туку чисто информативно.
    =]

    ReplyDelete